Банки
Оглас за вработување во Капитал банка АД Скопје

Капитал банка АД Скопје има потреба од вработување на 1 лице на работна позиција Внатрешен ревизор: Конкурс за Внатрешен ревизор.
Банката нуди динамична, квалитетна и пријатна работна средина, дополнителна обука и можности за стручно усовршување и професионален напредок на своите вработени.
Работни задачи:
- Оценка на адекватноста и ефикасноста на системите на внатрешна контрола;
- Оценка на спроведувањето на политиките за управување со ризиците;
- Оценка на поставеноста на информативниот систем;
- Оценка на точноста и веродостојноста на трговските книги и финансиските извештаи;
- Проверување на точноста, веродостојноста и навременоста во известувањето согласно прописите;
- Следење на почитувањето на прописите, етичкиот кодекс, политиките и процедурите;
- Оценка на системите за спречување на перење пари;
- Оценка на услугите што Банката ги добива од друштвата за помошни услуги на Банката;
- Изготвување на годишен план за работа на Службата за ревизија;
- Изготвување на полугодишен и годишен извештај за работењето ;
- Давање препораки за отстранување на идентификуваните неправилности во работењето;
- Вршење на подготовка за оперативна внатрешна ревизија;
- Спроведување на ревизија согласно планот за ревизија;
- Изготвување на извештаи за спроведената ревизија;
- Организација на седниците на Одборот за ревизија;
- Помош при изготвувањето на годишниот, полугодишниот и кварталните извештаи од работењето на Одборот за ревизија;
- Организација и учествува во процесот на избор на надворешен ревизор на финансиските извештаи и на надворешен ревизор на усогласеноста на Банката со Законот за заштита на личните податоци;
- Соработка со супервизијата од НБРМ, со надворешниот ревизор на финансиските извештаи и со надворешниот ревизор на усогласеноста на Банката со Законот за заштита на личните податоци;
- Учество во тестирањето на системите на алтернативната локација на Банката и изготвува извештајот од истото;
- Помош при изготвувањето и го ажурира Деловникот за работа на Одборот за ревизија
- Помош при изготвувањето и ги ажурира Правилникот, Процедурите и Генералните политики на Службата за внатрешна ревизија;
- Изготвување и ажурирање на Методологиите и останатите интерни акти на Службата за внатрешна ревизија;
- Редовни консултативни активности и дава мислења и препораки кон одредени прашања од оперативното работење (нови продукти и сл.);
- Вклученост во разгледување на нацрт интерни акти (политики и процедури) на оперативните организациони единици на Банката со свои коментари и забелешки кон доставените предлог-текстови.
Кандидатот треба да поседува:
- Работно искуство: Минимум 3 години;
- Образование: Минимум ВСС и Лиценца за вршење на работи на ревизија за овластен ревизор;
- Дополнителни квалификации: Активно познавање на Англиски Јазик и напредно познавање на Office пакет.
Работниот однос е на неопределено време.
Работно време од 8 до 16ч од понеделник до петок.
Доколку сакате да ја креирате иднината на мала и динамична банка, доколку имате желба, знаење и ентузијазам да се приклучите на тимот на Капитал банка, испратете ја Вашата биографија на следнава електронска адреса: jobs@capitalbank.com.mk .
Вашето резиме ќе биде внесено во базата на податоци и во случај на потреба од соодветен кадар, Банката врз основа на тековните потреби ќе ве контактира.
Огласот ќе биде активен 10 дена од датумот на објавување, односно до 18.01.2020 година.
Изборот на кандидатите ќе се врши во рок од 20 дена од истекувањето на огласот, во зависност од бројот на пријавените кандидати.
Ќе бидат контактирани само кандидатите со уредни и навремени апликации кои одговараат на условите наведени во огласот.
Банки
Оглас за вработување во Силк Роуд Банка АД Скопје

СИЛК РОУД БАНКА АД СКОПЈЕ нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, со можност за личен развој и професионален напредок. (more…)
Банки
Оглас за вработување во Силк Роуд Банка АД Скопје

СИЛК РОУД БАНКА АД СКОПЈЕ нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, со можност за личен развој и професионален напредок. (more…)
Банки
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје

Доколку имате желба и амбиција за професионален и кариерен развој во финансиска институција со долгогодишна традиција, која гради стабилност, ефикасност и иновативност со успешен и посветен тим на професионалци, аплицирајте за вработување во Комерцијална банка АД Скопје. (more…)
- Анализипред 3 weeks
8 МАРТ АНАЛИЗА: Колку се застапени жените во Управните одбори на банките во Македонија?
- Анализипред 2 months
ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка
- Домашни банкипред 2 months
Одличното справување со NPL на Халкбанк и донесе профит од 12 милиони евра во 2022 година