Connect with us

Компании

Оглас за вработување во Капитал банка АД Скопје

Објавено

на

Капитал банка АД Скопје има потреба од вработување две лица за работна позиција – Соработник во Сектор за управување со ризици.

Банката нуди динамична, квалитетна и пријатна работна средина, дополнителна обука и можности за стручно усовршување и професионален напредок на своите вработени.

Услови што се бараат за вршење на работата:

  • Високо стручно образование – Финансии/Банкарство;
  • Искуство во Банка или друга Финансиска Институција, Ревизија или Финансиски Контролинг од најмалку 3-5 години;
  • Солидно искуство во областа на финансиска анализа на правни субјекти;
  • Познавање на финансиско моделирање;
  • Познавање на Банкарската Регулатива;
  •  Одлично познавање на aнглиски јазик.

Краток опис на работно место:
– Изработка на анализи и извештаи за кредитната способност на клиенти (правни и физички лица), по доставени барања за одобрување на кредитни изложености (Risk opinion),
– Утврдување на ризичната класификација на клиентите во согласност со законската регулатива на НБРМ,
– Оценка (мерење), следење и известување (регулаторно и интерно) за нивото на кредитниот, ликвидносниот, пазарниот и оперативниот ризик,
– Учество во изработка и давање препораки за развој на интерни методологии, модели и процедури во областа на оценка, следење и управување со ризиците,
– Учество во активностите поврзани со проценка и мерење на адекватноста на капиталот во склад со важечката регулатива (CAR, ICAAP, Stress testing),
– Учество во дефинирање, контрола и ревидирање на интерните лимити на изложеност по одделни видови ризици,
– Активно учество во развој на процедури и политики на Банката во областа на управување со ризиците,
– Други работи по налог на претпоставениот и/или Управниот одбор.

Потребни способности:

  • Аналитичност и самостојност во процесот на донесување заклучоци;
  • Добри комуникациски способности и способност за тимска работа;
  • Способност за работа во кратки рокови и под притисок;
  • Иницијативност;
  • Професионалност, одговорност и трпеливост.

Доколку сакате да ја креирате иднината на мала и динамична банка, доколку имате желба, знаење и ентузијазам да се приклучите на нашиот тим, испратете ја Вашата биографија на следнава електронска адреса: jobs@capitalbank.com.mk

Вашето резиме ќе биде внесено во базата на податоци и во случај на потреба од соодветен кадар, Банката врз основа на тековните потреби ќе ве контактира.

Огласот ќе биде активен 10 дена од датумот на објавување, односно до 30.12.2019 година.

Изборот на кандидатите ќе се врши во рок од 20 дена од истекувањето на огласот, во зависност од бројот на пријавените кандидати.

Ќе бидат контактирани само кандидатите со уредни и навремени апликации кои одговараат на условите наведени во огласот.

Компании

Оглас за вработување во ТИГО Фајнанс

Објавено

на

Финансиско друштво ТИГО Фајнанс ДООЕЛ Скопје е современа компанија која применува иновативна и модерна технологија, посветена на корисниците. Нуди брзи и лесни решенија за микрокредитирање на физички лица кои се достапни секому. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Оглас за вработување во ТИГО Фајнанс

Објавено

на

Финансиско друштво ТИГО Фајнанс ДООЕЛ Скопје е современа компанија која применува иновативна и модерна технологија, посветена на корисниците. Нуди брзи и лесни решенија за микрокредитирање на физички лица кои се достапни секому. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Оглас за практиканти во ГЕНЕРАЛИ ИНВЕСТМЕНТС АД Скопје

Објавено

на

ГЕНЕРАЛИ ИНВЕСТМЕНТС АД Скопје објавува

ОГЛАС ЗА ПЛАТЕНА ПРАКСА
(во период од три месеци) (more…)

Продолжи со читање

Популарно