Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Банки

Оглас за вработување во Капитал банка АД Скопје

Објавено

на

Капитал банка АД Скопје има потреба од вработување на 1 лице за работна позиција – Референт во служба за спречување на перење пари и финансирање тероризам во Скопје.

Банката нуди динамична, квалитетна и пријатна работна средина, дополнителна обука и можности за стручно усовршување и професионален напредок на своите вработени.

Работни задачи:

  • Следење на прописите и најдобрата пракса во смисла на усогласеност на работењето со позитивните законски прописи и следење на новините во прописите и меѓународните стандарди за спречување перење пари и финансирање на тероризмот;
  • Советување на органите на управување за мерките коишто треба да бидат преземени заради почитување на прописите од областа на спречувањето на перењето пари и финансирањето на тероризмот, вклучувајќи и следење на сите измени и дополнувања на овие прописи;
  • Воспоставување и унапредување на процедурите и постапките предвидени во Програмата за спречување перење пари и финансирање на тероризмот;
  • Имплементација на ефективна контрола за да се обезбеди потполна усогласеност со меѓународните и локалните прописи, како и со интерните процедури и политики на Банката;
  • Документирање на своето работење и доставување на редовни извештаи до Управниот одбор и Надзорниот одбор на Банката;
  • Анализа на ризиците од перење пари и финансирање на тероризмот согласно интерните акти, вклучувајки ги и сите критериуми за ризично профилирање;
  • Прибирање на сите невообичаени трансакции доставени од разните организациски делови во Банката, анализа, подготвува писмени извештаи и одлучување дали тие трансакции имаат карактеристики на сомнителна трансакција, односно донесување на одлука за нивно (не)пријавување во Управа за финансово разузнавање;
  • Oбезбедување на информации и документација за сите трансакции пријавени во Управата како и за сите трансакции за кои било одлучено да не се пријаваат, вклучувајќи ги и причините поради коишто била донесена таква одлука;
  • Изготвување на интерни прегледи на банкарското портфолио преку извештаи за ажурирани податоци на правните и физичките лица, сопственичката структура на правните лица, структура на клиенти според нивниот ризичен профил, прегледи на физички и правни лица со остварен промет на трансакциска сметка,прегледи на девизните регистри, регистарит за менувачко работење и регистарот за брз трансфер на пари;
  • Изготвува список на трансакции на физички и правни лица со off-shore финансиски центри;
  • Доставување извештаи до соодветните институции – Управа за финансово разузнување, Финансова полиција, УЈП, и др.институции предвидени согласно законската регулатива;
  • Ажурирање на црни листи;
  • Креирање план и спроведување на обука на сите вработени за спречување перење на пари;
  • Одговорност за ажурирање документи на серверот на Банката;
  • Други работи по налог Раководителот и/или Управниот одбор.

Кандидатите треба да поседуваат:

  • Факултетска диплома;
  • Напредни вештини во MS Office;
  • Познавање на англиски јазик;
  • Комуникациски вештини, усмени и писмени;
  • Аналитичко расудување и внимание на детали;
  • Вештини на одлучување и решавање проблеми;
  • Проактивен, самоиницијативен, доверлив;
  • Лична одговорност и интегритет;
  • Спремност за учење и професионално усовршување.

Доколку сакате да ја креирате иднината на мала и динамична банка, доколку имате желба, знаење и ентузијазам да се приклучите на тимот на Капитал банка, испратете ја Вашата биографија на следнава електронска адреса: jobs@capitalbank.com.mk

Вашето резиме ќе биде внесено во базата на податоци и во случај на потреба од соодветен кадар, Банката врз основа на тековните потреби ќе ве контактира.

Огласот ќе биде активен 10 дена од датумот на објавување, односно до 07.11.2019 година.

Изборот на кандидатите ќе се врши во рок од 20 дена од истекувањето на огласот, во зависност од бројот на пријавените кандидати.

Ќе бидат контактирани само кандидатите со уредни и навремени апликации кои одговараат на условите наведени во огласот.

Банки

Оглас за вработување во Централна кооперативна банка

Објавено

на

Централна кооперативна банка АД Скопје, дел од групацијата ЦКБ Груп ЕАД има потреба од вработување на четири лица на работно место Соработник за клиентска услуга во Експозитура Тетово. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Можност за вработување во Стопанска банка АД – Скопје

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје постојано има потреба од надополнување на потенцијалната база на заинтересирани кандидати од следниве области: (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Капитал банка АД Скопје

Објавено

на

Капитал банка АД Скопје има потреба од вработување на 1 лице за работна позиција – Раководител на сектор за контрола и усогласеност на работењето во Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange