Connect with us

Компании

Оглас за вработување во Иуте кредит Македонија

Објавено

на

Финансиското друштво Иуте Кредит Македонија, кое најбрзо и најкомфорно нуди кредити за физички лица има отворенa позициja за:

Менаџер за продажба – Куманово

Успешниот менаџер за продажба треба да воспостави стратешки партнерски односи со компании за да привлечеме клиенти за нашите кредитни производи со што нашата компанија ќе биде перципирана како конкурентна и иновативна. Менаџерот за продажба ќе биде одговорeн за максимизирање на потенцијалот на нашиот тим за продажба, изработка на планови за продажба и нивно имплементирање.

Главни одговорности:

  • Идентификување можности за пораст на пазарот на постоечките услуги и на нови услуги во категоријата кредитни производи кај партнери низ земјава
  • Преговарање и склучување договори за соработка со нови партнери – правни субјекти, со цел да се продаваат кредитни производи
  • Спроведување на план за продажба со кој се проширува клиентската база на компанијата и се обезбедува значително присуство на пазарот
  • Организирање обуки за кадарoт од партнерските компании во врска со аплицирање, тековни и нови финансиски производи
  • Одржување на континуирана комуникација со партнерите и грижа за нивното соодветно едуцирање и обука со цел да обезбеди услуги кои ќе креираат задоволство од услугите од компанијата
  • Следење на процесот на работна на парнерите кои се во портфолиото и нивна неделна и месечна реализација
  • Креирање, договарање и имплементирање на промоции со партнерите
  • Обезбедување на сите потребни рекламни материјали за обележје и спроведување на промотивните настани
  • Управување со секојдневните активности со партнерските мрежи
  • Подготвување извештаи за активностите
  • Дневната активност е во најголем дел на терен и надвор од канцеларија

Потребно искуство и вештини:

  • Универзитетска диплома
  • Најмалку 3 години претходно искуство во продажба и преговори
  • Искуство во развивање на односи со деловни партнери
  • Страст за продажба и остварување на продажните цели
  • Способност за комуникација, преговарање и убедување
  • Вештини за презентирање
  • Поседување на возачка дозвола и сопствено возило
  • Познавање на англиски јазик
  • Вештини за користење на – Microsoft Оffice
  • Вештини за подготвување извештаи

Компанијата нуди:

  • Атрактивна плата и бонуси
  • Позитивна, динамична и мотивирачка работна атмосфера
  • Можност за стручни и едукативни обуки
  • Договор за вработување на неопределено време, по 6 месеци вработување на определено време во зависност од резултатите на работењето

Испратете своја биографија со работно искуство и вештини на емаил: info@iutecredit.mk, најдоцна до 02.02.2020 година.

Вашата апликација ќе биде третирана со строга доверливост. Ќе бидат контактирани само апликантите со потесен избор.

Компании

Оглас за вработување во ТИГО Фајнанс

Објавено

на

Финансиско друштво ТИГО Фајнанс ДООЕЛ Скопје е современа компанија која применува иновативна и модерна технологија, посветена на корисниците. Нуди брзи и лесни решенија за микрокредитирање на физички лица кои се достапни секому.

 

(more…)

Продолжи со читање

Компании

Оглас за вработување во ТИГО Фајнанс

Објавено

на

ТИГО Фајнанс е водечка финтек компанија во регионот која обезбедува обсег на финансиски услуги. Врз основа на докажаното искуство и достигнувања во индустријата со седиште во Скопје, компанијата има за цел да понуди микрофинансиски услуги на приватни лица на наједноставен и најбрз начин. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Оглас за вработување во Аутсорс консалтинг сервис

Објавено

на

We are looking for talented, motivated, and high-performing Account Executive to join our team.  To perform the Account executive tasks as directed and ensure that processes and policies are observed, maintained and improved. Communicate with all levels across the business operations to ensure delivery of the target objectives. (more…)

Продолжи со читање

Популарно