Компании
Оглас за вработување во Интернационален Картичен Систем АД Скопје (КаСис)

Интернационален Картичен Систем АД Скопје (КаСис), процесор за обработка на трансакции со платежни картички и персонализација е модерна, иновативна и технолошка компанија. Компанијата нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина со можност за личен развој и професионален напредок. Тимскиот дух e прва вредност на компанијата и значи многу повеќе отколку само заедничка работа.
Доколку себеси се препознавате во овие вредности, Интернационален Картичен Систем АД Скопје (КаСис) Ве поканува да доставите Апликација и да станете дел од тимот за следната позиција:
СИСТЕМ АДМИНИСТРАТОР (2 ЛИЦА)
Потребни квалификации:
- Систем администраторот во КаСис е лојална личност, која не се плаши да комуницира динамично и отворено. Личност која презема иницијативи и за која секој нов ден е нова можност за професионална авантура;
- Образованието кое го има стекнато е најмалку ВСП степен стручна подготовка – Електротехничи факултет / Факултет за информатички науки;
- Личност која на работата под притисок и справувањето со повеќе работи во исто време во кратки временски рокови, гледа како на предизвик;
- Личност насочена кон решавање проблеми, чија прецизност, точност и аналитичен пристап во работењето ќе бидат високо ценети во рамките на компанијата;
- Добрите организациски вештини, личниот интегритет и професионалниот однос се на високо, цениме професионална етика, и се придржуваме кон професионалноста во нашето бизнис секојдневие;
- Нашиот иден Систем Администратор го владее англискиот јазик (читање и пишување), и не се двоуми да се впушти во жива конверзација на англиски јазик;
- Претходното работно искуство навистина ни значи особено доколку било поврзано со Cisco, VMWARE, Unix/Linux OS, MSSql, MySQL, Oracle, MS Exchange. Сите претходни сертификати од завршени специјализирани курсеви и обуки ќе бидат земени во предвид.
Со кои дневни обврски ќе се соочи потенцијалниот нов Систем Администратор во КаСис?
- Проектирање, инсталација и надгледување на мрежна инфраструктура;
- Конфигурирање на мрежни уреди (router, switch, firewall, ips);
- Конфигурирање и администрирање на антивирус и антиспам филтри;
- Конфигурирање и администрирање на мрежна инфраструктура;
- Администрирање на регуларни резервни копии;
- Изготвување на детална техничка документација, мрежни дијаграми, мрежна инфраструктура и слична документација;
- Следење на сигурност на мрежна инфраструктира и превенција од неовластен пристап;
- Конфигурирање и администрирање на IP телефонија;
- Конфигурирање и надгледување на виртуелна околина (пр.VMWARE);
- Конфигурирање и одржување на MS Windows и Linux OS;
- Администрирање на Domain Controller.
Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови, потребно е да испратат кратка биографија на македонски јазик и мотивационо писмо на адреса: Кузман Јосифовски Питу бр.1 Скопје, најдоцна до 17.06.2020 година.
Со испраќање на Вашата апликација давате согласност Вашите податоци да бидат задржани и користени од Компанијата во рок од една 1 година.
Компании
Зголемени платите на вработените во КАМ за 25% во споредба со лани

КАМ доследно ја имплементира својата стратегија на континуирано вложување во вработените, а како резултат на тоа бележи раст на платите на своите вработени за 25 отсто во споредба со септември минатата година. Последното зголемување се однесува на вработените во администрација каде просечната исплатена месечна нето плата изнесува 53.000 денари. (more…)
Компании
АЕТМ објавува нов Jавен повик за зајакнување на дигиталните вештини и отварање нови е-продавници: „Дигитално подготвени за е-трговија“

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – AETM, во рамки на проектот „Дигитално подготвени за Е-Трговија” објавува Јавен повик за учество на заинтересирани компании во програмата за поддршка на микро, мали и средни претпријатија и регистрирани индувидуални производители кои доаѓаат од следниве три сектори: (more…)
Компании
ЕОС Матрикс: Зголемени инвестициите во откуп на побарувања во корпоративниот сектор

Инвестициите во откуп на побарувања од корпоративниот сектор на ЕОС Матрикс се зголемија повеќе од двојно, споредено со претходниот период. Само во последната година компанијата инвестираше нешто околу 1 милион евра во побарувања од овој тип. (more…)
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Осигурувањепред 2 months
АСО со обуки ќе ја гради и зајакнува финансиската едукација на средношколци – математичари
- Домашни банкипред 2 months
Компании во земјава реализираат 20 „зелени“ проекти од кредитната линија на ЕБОР преку Стопанска банка
- Домашни банкипред 1 month
Данијела Јовческа, Никола Горгиевски и Марија Танаскоска се најдобрите банкарски службеници од Шпаркасе Банка во 2023 година
- Банкипред 2 months
Шпаркасе Банка АД Скопје вработува Член на Управен Одбор
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Business Manпред 2 months
Проф. Д-р Драгољуб Арсовски се стекна со 3.003 обични акции издадени од ТТК Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Шпаркасе Банка го активираше порталот за тестирање на платформата за отворено банкарство