Connect with us

Банки

Оглас за вработување во Еуростандард банка АД Скопје

Објавено

на

Еуростандард банка АД Скопје има потреба од вработување на 1 лицe на следната работна позиција:

РАКОВОДИТЕЛ НА ЕКСПОЗИТУРА КАВАДАРЦИ  (1 извршител) 

Краток опис на работно место:

  • ја организира работата на експозитурата;
  • одговорност за законитоста и ефикасноста на работата на експозитурата;
  • одговорност за реализација на деловната политика и другите акти на Банката;
  • одговорност за ликвидност и рентабилност на експозитурата;
  • изработка на годишни планови за работа, следење на нивната реализација, анализа на работењето на експозитурата и превземање мерки за остварување на планираните задачи;
  • одговорност за реализација на одлуките на Кредитнот одбор на Банката;
  • работи на подигање на деловниот углед на Банката, презентирање на Банката и нејзините производи;
  • работи на зголемување на бројот на клиенти на експозитурата;
  • развој на пазарот и работи на зголемување на депозитниот потенцијал;
  • врши други работи по налог на Директорот на Секторот
  • одговара на Директорот на Секторот.

Услови што се бараат за вршење на работните задачи:

  • Високо стручно образование
  • Најмалку 2 години работно искуство

Потребни способности:

  • Добри комуникациски способности и способност за тимска работа;
  • Способност за работа во кратки рокови и под притисок;
  • Иницијативност;
  • Професионалност, одговорност и трпеливост.

Работниот однос е на определено време, за период од 6 месеци со можност за продолжување.

Работно време од 8:00 до 16:00 часот од понеделник до петок.

Основна нето плата во износ од 30.000,00 денари.

Вашата биографија доставете ја на следнава електронска адреса: vrabotuvanje@eurostandard.com.mk

Огласот ќе биде активен 5 работни дена од денот на објавување. Изборот на кандидатите ќе се врши во рок од 45, 90 или 120 дена во зависност од бројот на пријавените кандидати.

Банки

Оглас за вработување во Капитал банка АД Скопје

Објавено

на

Капитал банка АД Скопје има потреба од вработување на едно лице на работна позиција референт на благајна во Струмица. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје

Објавено

на

УНИБанка АД Скопје објавува Оглас за вработување на 1 (еден) извршител на следнава работна позиција:

Директор на Дирекција Сигурност (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје

Објавено

на

УНИБанка АД Скопје објавува Оглас за вработување на 1 (еден) извршител на следнава работна позиција:

Коoрдинатор за Небанкарски Дејности (more…)

Продолжи со читање

Популарно