Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Компании

Оглас за вработување во Еуролинк Осигурување

Објавено

на

Еуролинк Осигурување бара нови членови за проширување на својот тим во Одделот за грижа на корисници и за таа цел објавува

ОГЛАС ЗА РЕФЕРЕНТ ВО ОДДЕЛ ЗА ГРИЖА ЗА КЛИЕНТИ “ЕУРОЛИНК 24” 

Работно време: 40 часа неделно, работа во смени: прва смена: 7ч.-15ч., втора смена: 15ч.-23ч., трета смена (дежурен телефон без физичко присуство во Централа): 23ч.- 7 ч. Договор за вработување: на определено, 3 месеци, со можност за продолжување

Основна цел на работната позиција е давање на квалитетна, навремена и точна информација во комуникација со надворешни лица, клиенти и потенцијални клиенти на компанијата во врска со општи информации, информации за осигурување и изработка на полиси, информации за постапка во случај на настаната штета, наплата на премија за осигурување од физички лица и информации во врска со актуелни акции и промоции. Истовремено е врска помеѓу барањата од надворешни лица и соодветните сектори во зависност од природата на барањето.

Еуролинк бара личност со:

– Завршено средно образование
– Со или без претходно работно искуство
– Познавање на англиски јазик
– Способност за јасна телефонска комуникација
– Организирана и одговорна личност
– Способност за тимска работа
– Желба за исполнување на зададени цели

Еуролинк овозможува:

– Пријатна работна атмосфера во енергичен тим
– Обуки за подобрување на вештини за работа во контакт центар
– Можност за кариерен развој во рамки на одделот
– Почетна месечна плата од 15.000 денари

Испратете ваша биографија и писмо за интерес најдоцна до 31.10.2019 година на hr@eurolink.com.mk или на адреса: ЕУРОЛИНК осигурување АД Скопје, до: Сектор за човечки ресурси, ул: Никола Кљусев бр. 2, 1000 Скопје, тел. 02/ 32 89 301

Рок за избор на кандидати: 45 дена.

Пристигнатите апликации по наведениот рок, како и некомплетните апликации нема да бидат предмет на разгледување. Кандидатите избрани во потесен круг ќе бидат повикани на интервју. Напомена: Ќе бидат контактирани само оние кандидати кои ќе бидат избрани во потесен круг.

*Личните податоци наведени во кратката биографија добиени во процесот на селекција на кандидатите за вработување се користат единствено за целта за која се побарани. По завршување на процесот, истите ќе бидат уништени или на барање на кандидатите вратени, во форма во која се примени.

Компании

Оглас за вработување во ТИГО Фајнанс

Објавено

на

Финансиско друштво ТИГО Фајнанс ДООЕЛ Скопје е современа компанија која применува иновативна и модерна технологија, посветена на корисниците. Компанијата нуди брзи и лесни решенија за микрокредитирање на физички лица кои се достапни секому. Тимот на ТИГО Фајнанс се состои од млади и амбициозни професионалци од областа на финансии, грижа за корисници и ИТ. Поради брз раст на компанијата, потребни им се ведри и вредни колеги кои ќе ја пополнат позицијата: (more…)

Продолжи со читање

Компании

Оглас за вработување во Кроациа Осигурување Живот АД Скопје

Објавено

на

Кроациа Осигурување Живот е компанија која што секојдневно вложува во развојот на своите вработени, знаејќи дека самите тие претставуваат најзначајните ресурси. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Винер Лајф организира БЕСПЛАТЕН едукативен семинар од областа на животното осигурување

Објавено

на

Винер Лајф ве повикува на БЕСПЛАТЕН едукативен семинар на 30.11.2019 (сабота). (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange