Компании
Оглас за вработување во ЕВРОИНС OСИГУРУВАЊЕ АД Скопје


ЕВРОИНС OСИГУРУВАЊЕ АД Скопје претставува друштво за осигурување со долги години успешно работење на македонскиот осигурителен пазар, врши повик за работа за следната работна позиција со утврден профил на кадар:
ПРОЕКТ АНАЛИТИЧАР
Опис на работните задачи и одговорности:
- Анализа на барања, собирање, опис и оптимизирање на барањата на корисниците на бизнис процесите, за имплементирање и промени на апликативните решенија;
- Учество во креирање на технолошки процеси и процедури, со цел автоматизација на процесите и адекватни апликативни програмски решенија и нивно претставување пред надворешниот изведувач;
- Организирање на тестирање, имплементација на промени и напредок на проектот, сето во насока на хармонизирање со регулативата;
- Советување и поддршка на корисници на воведените програмски решенија;
- Изработка на техничка и корисничка документација поврзана за работата на апликативните програмски решенија;
- Учество во проектни и работни групи во врска со имплементација на проекти во Друштвото и на ниво на Групацијата ЕВРОИНС;
- Следење на развојот на подрачјето на работа и постојано стручно надградување.
Друштвото нуди:
- Интересна и динамична работа, можност за личен и стручен развој;
- Работа со современи технологии и непрекинато стекнување нови знаења;
- Соработка на проекти во меѓународна околина;
- Стручно усовршување, посета на курсеви за дополнување на знаењето во земјата и странство;
- Работно место во седиштето на Друштвото, во Скопје.
Потребни компетенции, искуство и образование:
- Напредно познавање на Т-SQL и администрација SQL Server;
- Искуство на имплементација и водење на проекти;
- Комуникациски способности, тимска работа;
- Самоиницијативност, проактивност, посветеност, прецизност, одговорност;
- Професионална етика, навремено и уредно завршување на задачите;
- Високо образование од информатичка или друга соодветна насока;
- Добро владеење на англиски јазик на работно ниво;
- Познавање на деловни процеси во друштва за осигурување ќе се смета за предност.
Доколку сметате дека сте вистински кандидат кој може да изгради цврсто фокусирана организациска култура, испратете Ваша биографија на: contact@euroins.com.mk, со назнака дека аплицирате за конкретното работно место.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат повикани на интервју.
Со самото аплицирање, кандидатот се согласува неговите лични податоци наведени во биографијата и пропратните документи да бидат чувани во базата на податоци и обработувани од ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје во рок од 1 година од денот на истекот на рокот за избор. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци согласно Законот за заштита на лични податоци.
Компании
АССЕКО СЕЕ е една од првите ИТ компании која успешно 20 години по ред го имплементира ISO 9001:2015 стандардот


Македонската компанија АССЕКО СЕЕ, дел од полската групација АССЕКО, успешно 20 години по ред ја продолжува имплементацијата на меѓународно признатиот ISO 9001:2015 стандард. (more…)
Компании
Во тешки околности, раст на приходите и добивката на Групацијата Триглав


Во тешките околности од првиот квартал од 2022 година, Групацијата Триглав ги зголеми вкупните приходи за 12% (442,9 милиони евра) и го зголеми обемот на бруто полисираната осигурителна премија (407,1 милиони евра) за 10% во споредба со истиот период минатата година. (more…)
Компании
Оглас за вработување во Штедилница Можности


Градете ја својата кариера и развивајте се како професионалец во областа на кредитирање и финансии со Штедилница Можности. Ако се идентификувате со визијата и мисијата на компанијата и ве интересира кредитирање и финансии, Штедилница Можности вработува: (more…)
- Кредитипред 2 months
Брз онлајн кредит – за пролетно чистење сметки
- Анализипред 2 months
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?
- Кредитипред 3 weeks
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Домашни банкипред 2 months
Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 1 month
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 1 week
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје