Connect with us

Компании

Оглас за вработување во ЕВРОИНС OСИГУРУВАЊЕ АД Скопје

Објавено

на

ЕВРОИНС OСИГУРУВАЊЕ АД Скопје претставува друштво за осигурување со долги години успешно работење на македонскиот осигурителен пазар, врши повик за работа за следната работна позиција со утврден профил на кадар:

АНАЛИТИЧАР ЗА ФИНАНСИСКО РАБОТЕЊЕ

Опис на работните задачи и одговорности:

  • Изготвување финансиски анализи и извештаи за работењето на Друштвото;
  • Учествува во усогласувањето на работењето на Друштвото и извештаите на Друштвото со работењето на групациско ниво;
  • Изготвување финансиски податоци неопходни за изготвување на Бизнис плановите на Друштвото;
  • Соработува со внатрешната и надворешна ревизија за изготвување на извештаи за финансиското работење.

Потребни квалификации и способности:

  • Завршено високо образование – Економска насока;
  • Работно искуство во делокругот на осигурување од 3 години;
  • Одлични вештини за работа со компјутер, особено word, excel и соодветени софтвери;
  • Добро владеење на англиски јазик на работно ниво;
  • Високи комуникациски способности и тимски дух;
  • Аналитичен пристап кон решавање на доделените задачи;
  • Организираност и одговорност.

Друштвото нуди:

  • Вработување на определено работно време, со можност за продолжување на договорот за вработување;
  • Полно работно време од 40 часа, од понеделник до петок, од 08:00 до 16:00 часот.
  • Работа  во динамично опкружување,  развојна и пријатна средина.

Доколку сметате дека сте вистински кандидат кој може да изгради цврсто фокусирана организациска култура, испратете Ваша биографија на македонски јазик на: contact@euroins.com.mk, со назнака дека аплицирате за конкретното работно место.

Со самото аплицирање, кандидатот се согласува неговите лични податоци наведени во биографијата и мотивационото писмо да бидат чувани во базата на податоци и обработувани од ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје во рок од 1 година од денот на истекот на рокот за избор. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци согласно Законот за заштита на лични податоци.

Само одбраните кандидати ќе бидат контактирани за интервју.

Компании

Оглас за вработување во ТИГО Фајнанс

Објавено

на

Финансиско друштво ТИГО Фајнанс ДООЕЛ Скопје е современа компанија која применува иновативна и модерна технологија, посветена на корисниците. Нуди брзи и лесни решенија за микрокредитирање на физички лица кои се достапни секому. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Оглас за вработување во ФД M Кеш Македонија ДООЕЛ Скопје

Објавено

на

Финансиско друштво M Кеш Македонија ДООЕЛ Скопје е небанкарска финансиска институција, специјализирана за брзо одобрување и исплата на мали, необезбедени потрошувачки кредити. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Оглас за вработување во ФД M Кеш Македонија ДООЕЛ Скопје

Објавено

на

Финансиско друштво M Кеш Македонија ДООЕЛ Скопје е небанкарска финансиска институција, специјализирана за брзо одобрување и исплата на мали, необезбедени потрошувачки кредити. (more…)

Продолжи со читање

Популарно