Connect with us

Компании

Оглас за вработување во ЕВРОИНС OСИГУРУВАЊЕ АД Скопје

Објавено

на

ЕВРОИНС OСИГУРУВАЊЕ АД Скопје претставува друштво за осигурување со долги години успешно работење на македонскиот осигурителен пазар, врши повик за работа за следната работна позиција со утврден профил на кадар:

МЕНАЏЕР ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

Опис на работните задачи и одговорности:

  • Развој и следење на каналот на продажба на осигурување преку јавните набавки;
  • Изготвување комплетната документација за учество на јавни набавки во осигурување;
  • Секојдневен увид во објавените огласи во Електронскиот систем за јавни набавки на Бирото за јавни набавки и мониторинг на отпочнатите постапки, како и целосна комуникација со надлежните институции-органи (Национално биро за осигурување, Бирото за јавни набавки, договорни органи и др.);
  • Oдговорности по однос на документацијата неопходна за учество на јавните набавки;
  • Водење и ажурирање на база на податоци од јавни набавки во осигурување;
  • Организирање на работата на референтите за продажба на осигурување за навремено и точно опслужување на клиентите кои имаат склучено договори за осигурување со Друштвото во постапки по јавни набавки, изготвување на полиси за осигурување и фактури кон полисите и останати документи;
  • Учество во процесот по жалби по одлуки за јавни набавки.

Потребни квалификации и способности:

  • Завршено високо образование – Општа, Економска или Техничка насока;
  • Работно искуство во процеси на јавни набавки/постапки по тендери;
  • Општо работно искуство од 5 години;
  • Работно искуство во делокругот на осигурување од 3 години;
  • Одлични вештини за работа со компјутер, особено word, excel и соодветни web апликации;
  • Добро владеење на англиски јазик на работно ниво;
  • Високи комуникациски способности и тимски дух;
  • Аналитичен пристап кон решавање на доделените задачи;
  • Организираност и одговорност.

Друштвото нуди: 

  • Вработување на определено работно време, со можност за продолжување на договорот за вработување;
  • Полно работно време од 40 часа, од понеделник до петок, од 08:00 до 16:00 часот;
  • Работа во динамично опкружување, развојна и пријатна средина.

​Доколку сметате дека сте вистински кандидат кој може да изгради цврсто фокусирана организациска култура, испратете Ваша биографија на македонски јазик на: contact@euroins.com.mk, со назнака дека аплицирате за конкретното работно место.

Со самото аплицирање, кандидатот се согласува неговите лични податоци наведени во биографијата и мотивационото писмо да бидат чувани во базата на податоци и обработувани од ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје во рок од 1 година од денот на истекот на рокот за избор. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци согласно Законот за заштита на лични податоци.

Само одбраните кандидати ќе бидат контактирани за интервју.

Компании

Оглас за вработување во ЕВРОИНС OСИГУРУВАЊЕ АД Скопје

Објавено

на

ЕВРОИНС OСИГУРУВАЊЕ АД Скопје претставува друштво за осигурување со долги години успешно работење на македонскиот осигурителен пазар, врши повик за работа за следната работна позиција со утврден профил на кадар:

ОФИЦЕР ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ИНФОРМАЦИСКИ СИСТЕМ (more…)

Продолжи со читање

Компании

Оглас за вработување во ЕВРОИНС OСИГУРУВАЊЕ АД Скопје

Објавено

на

ЕВРОИНС OСИГУРУВАЊЕ АД Скопје претставува друштво за осигурување со долги години успешно работење на македонскиот осигурителен пазар, врши повик за работа за следната работна позиција со утврден профил на кадар:

АНАЛИТИЧАР ЗА ФИНАНСИСКО РАБОТЕЊЕ

(more…)

Продолжи со читање

Компании

Финтек компанијата Paynetics ги презема ограноците на WireCard во Велика Британија и Ирска

Објавено

на

Бугарската финтек компанијата „Paynetics” објави во петокот дека преку своето работење во Велика Британија, се стекнала со портфолиото на корпоративната платежна картичка што е дел од деловната германска „WireCard” во Велика Британија и Ирска. (more…)

Продолжи со читање

Популарно