Connect with us

Компании

Оглас за вработување во ВИНЕР ЛАЈФ – Виена Иншуренс Груп Скопје

Објавено

на

ВИНЕР ЛАЈФ  како компанија го цени трудот на своите вработени, нивниот начин на размислување и работа. Успех на компанијата е резултат на многубројните идеи на успешниот тим на вработени.

Доколку сметате дека можете да придонесете и да станете дел од успешниот тим на ВИНЕР ЛАЈФ, а притоа ги имате квалификациите што се наведени подолу, АПЛИЦИРАЈТЕ!

Винер Лајф Македонија е присутна на македонскиот пазар од 2010 година и е дел од Групацијата Vienna Insurance Group (VIG) која постои од 1824 година.

Со континуиран раст и развој, поради зголемен обем на работа, Винер Лајф има потреба од искусни и амбициозни личности кои заслужуваат да работат во најдобри услови со најдобри ресурси.

Како работодавец, Winner Life секогаш се стреми кон професионализам и квалитет, како на сегашните така и на идните соработници.

Токму поради тоа, Винер Лајф објавува оглас за вработување на:

Офицер за реосигурување и актуарство

Квалификации:

  • BCC

– Природно математички факултет – отсек математика,

– Факултет за електротехника и информациски технологии,

– Машински или друг технички факултет

– Факултет за осигурување

  • Одлични математички способности;
  • Способност за изнаоѓање логички и ефикасни решенија
  • Креирање логички алгоритми
  • Одлични организациски вештини;
  • Амбициозност;
  • Висока мотивираност;
  • Способност за тимска работа;
  • Активно познавање на работа со MS Office
  • Познавање на англиски јазик;
  • Работното место се однесува за Скопје.

Опис на работното место/одговорности:

  • Врши пресметки за целите на реосигурување и изработува извештаи –за реосигурување
  • Подготовка на пресметки на бази на податоци
  • Дефинирање на пресметки со математички изрази и формулации
  • Останати активности на барање на овластениот актуар

Работната позиција е на определено време со можност за продолжување на неопределено време.

Со испраќањето на Вашите лични податоци, изразувате согласност тие да се користат за потребите на сопственото работење на осигурителното друштво ВИНЕР ЛАЈФ – Виена Иншуренс Груп АД Скопје согласно со Законот за лични податоци.

Вашата кратка биографија (CV) и мотивационо писмо да ги испратите со задолжителна назнака на апликацијата: “Офицер за реосигурување и актуарство“ на следнава e-mail адреса: kariera@winnerlife.mk најдоцна до 11.06.2021 година.

НАПОМЕНА: 

Непотполните апликации нема да бидат земени во предвид.

Tимот на ВИНЕР ЛАЈФ ОСИГУРУВАЊЕ ви стои на располагање за било какви дополнителни прашања кои може да ги испраќате на истата адреса за е-пошта.

Компании

Групацијата Триглав оценета како финансиски многу солидна и со одлични оперативни перформанси

Објавено

на

Агенцијата за кредитен рејтинг AM Best, во рамките на редовната годишна ревизија на Заваровалница Триглав и Позаваровалница Триглав Ре, ги потврди кредитниот рејтинг на финансиска моќ „А“ (одлично) и долгорочната оценка за кредитна способност на издавач „а“ (одлично). (more…)

Продолжи со читање

Компании

Андријана Поповска го замени Артон Лена во Одборот на директори на ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје

Објавено

на

ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за измени во органите на управување на компанијата. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Триглав oсигурување Живот АД Скопје одбележа 5 години постоење на македонскиот пазар

Објавено

на

Триглав oсигурување живот АД Скопје во присуство на бројни гости од земјава и странство, соработници и партнери кои изминатите години ја дадоа својата доверба и поддршка, го одбележа својот петгодишен јубилеј на успешно делување на македонскиот пазар за осигурување. Компанијата е основана како најмладо друштво за животно осигурување на пазарот за осигурување во 2017 година, со одлука за директна инвестиција во ново друштво и е во доминантна сопственост на групацијата Заваровалница Триглав. (more…)

Продолжи со читање

Популарно