Connect with us

Компании

Оглас за вработување во ВИНЕР ЛАЈФ – Виена Иншуренс Груп Скопје

Објавено

на

ВИНЕР ЛАЈФ  како компанија го цени трудот на своите вработени, нивниот начин на размислување и работа. Успех на компанијата е резултат на многубројните идеи на успешниот тим на вработени.

Доколку сметате дека можете да придонесете и да станете дел од успешниот тим на ВИНЕР ЛАЈФ, а притоа ги имате квалификациите што се наведени подолу, АПЛИЦИРАЈТЕ!

Винер Лајф Македонија е присутна на македонскиот пазар од 2010 година и е дел од Групацијата Vienna Insurance Group (VIG) која постои од 1824 година.

Со континуиран раст и развој, поради зголемен обем на работа, Винер Лајф има потреба од искусни и амбициозни личности кои заслужуваат да работат во најдобри услови со најдобри ресурси.

Како работодавец, Winner Life секогаш се стреми кон професионализам и квалитет, како на сегашните така и на идните соработници.

Токму поради тоа, Винер Лајф објавува оглас за вработување на:

Офицер за реосигурување и актуарство

Квалификации:

  • BCC

– Природно математички факултет – отсек математика,

– Факултет за електротехника и информациски технологии,

– Машински или друг технички факултет

  • Одлични математички способности;
  • Способност за изнаоѓање логички и ефикасни решенија
  • Креирање логички алгоритми
  • Одлични организациски вештини;
  • Амбициозност;
  • Висока мотивираност;
  • Способност за тимска работа;
  • Активно познавање на работа со MS Office
  • Познавање на англиски јазик;

Опис на работното место/одговорности:

  • Врши пресметки за целите на реосигурување и изработува извештаи –за реосигурување
  • Подготовка на пресметки на бази на податоци
  • Дефинирање на пресметки со математички изрази и формулации
  • Останати активности на барање на овластениот актуар

*Работното место се однесува за Скопје

Со испраќањето на Вашите лични податоци, изразувате согласност тие да се користат за потребите на сопственото работење на осигурителното друштво ВИНЕР ЛАЈФ-Виена Иншуренс Груп АД Скопје согласно со Законот за лични податоци.

Вашата кратка биографија (CV) и мотивационо писмо да ги испратите со задолжителна назнака на апликацијата: “Офицер за реосигурување и актуарство“ на следнава e-mail адреса: kariera@winnerlife.mk, најдоцна до 07.11.2021 година.

Компании

Телеком продолжува да ја гради 5G мрежата низ Македонија

Објавено

на

Македонски Телеком продолжува да ја гради 5G мрежата на целата територија на Македонија. Во тек е интензивна работа на терен со партнерот Ериксон за замена на постоечката технологија со опрема од најновата генерација којашто ќе овозможи 5G услуги, поголем капацитет и подобро корисничко искуство. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Драматични загуби на некогаш најбогатиот Кинез

Објавено

на

Акциите на „Алибаба“ незапирливо паѓаат на берзите, а поради тоа драматично се топи богатството на некогаш најбогатиот Кинез Џек Ма. Милијардерот изгубил околу 30 милијарди долари во изминатата година и моментално тежи “само” 38,6 милијарди, наспроти максималното негово богатство од 66,6 милијарди долари кога акциите на неговата компанија „Alibaba“ на берзите беа едни од најскапите и најбараните. (more…)

Продолжи со читање

Компании

ГАЗДА ОД СОНИШТАТА – Живко Мукаетов ќе дава месечен додаток од 1.000 денари за децата на вработените во Алкалоид

Објавено

на

Човечките ресурси се еден од најцврстите столбови на 85-годишниот раст и развој на алкалоидовата успешна приказна, а грижата за вработените е еден од врвните приоритети на компанијата. Во базата на „Алкалоид“ во Скопје има над 2.000 вработени, па посебен предизвик, како и во секоја успешна и амбициозна компанија, е да се одржи високото ниво на организациска култура, фокусот на резултати и високото ниво на етички вредности, особено во услови на функционирање исполнети со голем број непредвидливи економски, политички и пандемиски аспекти. (more…)

Продолжи со читање


Популарно