Компании
Оглас за вработување во ВИНЕР ЛАЈФ – Виена Иншуренс Груп Скопје


ВИНЕР ЛАЈФ како компанија го цени трудот на своите вработени, нивниот начин на размислување и работа. Успех на компанијата е резултат на многубројните идеи на успешниот тим на вработени.
Доколку сметате дека можете да придонесете и да станете дел од успешниот тим на ВИНЕР ЛАЈФ, а притоа ги имате квалификациите што се наведени подолу, АПЛИЦИРАЈТЕ!
Винер Лајф Македонија е присутна на македонскиот пазар од 2010 година и е дел од Групацијата Vienna Insurance Group (VIG) која постои од 1824 година.
Со континуиран раст и развој, поради зголемен обем на работа, Винер Лајф има потреба од искусни и амбициозни личности кои заслужуваат да работат во најдобри услови со најдобри ресурси.
Како работодавец, Winner Life секогаш се стреми кон професионализам и квалитет, како на сегашните така и на идните соработници.
Токму поради тоа, Винер Лајф објавува оглас за вработување на:
СМЕТКОВОДИТЕЛ
Потребни квалификации:
- BCC -Економски факултет
- Минимум 2 години работно искуство во сметководство;
- Кандидатите со лиценца за овластен сметководител имаат предност;
- Висока мотивираност;
- Способност за изнаоѓање на ефикасни практични решенија;
- Комуникативност;
- Ефикасна орална и писмена комуникација;
- Спо.собност за тимска работа;
- Активно познавање на работа со персонален компјутер ( MS Office);
- Познавање на англиски јазик;
- Упорност;
- Иницијативност;
- Подготвеност за работа во рокови;
- Работното место се однесува за Скопје.
Опис на работното место/одговорности:
- Подготвува и книжи фактури и друга сметководствена евиденција;
- Евидентира изводи од банкарските сметки;
- Евиденција на полисирана премија;
- Управување со вложените средства на компанијата;
- Поддршка на секторот за грижа за корисници;
- Изготвување на редовни и вонредни месечни и квартални извештаи;
- Изготвува завршна сметкa за компанијата;
Со испраќањето на Вашите лични податоци, изразувате согласност тие да се користат за потребите на сопственото работење на осигурителното друштво ВИНЕР ЛАЈФ-Виена Иншуренс Груп АД Скопје согласно со Законот за лични податоци.
Вашата кратка биографија (CV) и мотивационо писмо да ги испратите со задолжителна назнака на апликацијата: “СМЕТКОВОДИТЕЛ“ на следнава e-mail адреса: kariera@winnerlife.mk, најдоцна до 29.10.2021 година.
Компании
Оглас за вработување во Сава осигурување а.д Скопје!


Станете дел од тимот на Сава осигурување а.д Скопје! (more…)
Компании
Маријана Жупаноска нов член на Надзорниот одбор на КИБС АД СКОПЈЕ


Клириншка Куќа клириншки интербанкарски системи АД Скопје (КИБС АД СКОПЈЕ) преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за измени во органите на управување односно Надзорниот одбор на компанијата. (more…)
Компании
20 години Еуролинк осигурување – синоним за стабилност, сигурност и посветеност на клиентите


Еуролинк осигурување одбележува 20 години успешна работа на македонскиот пазар со 212 вработени и 33 филијали. Од своите почетоци до денес, компанијата има услужено повеќе од 630.000 клиенти, има издадено над 2,2 милиони полиси за осигурување и им има исплатено повеќе од 4,8 милијарди денари во штети на граѓаните и на компаниите. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Кредитипред 4 weeks
Брз и евтин кредит – прва помош за вашиот паричник
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје