Connect with us

Компании

Оглас за вработување во ВИНЕР ЛАЈФ – Виена Иншуренс Груп Скопје

Објавено

на

ВИНЕР ЛАЈФ  како компанија го цени трудот на своите вработени, нивниот начин на размислување и работа. Успех на компанијата е резултат на многубројните идеи на успешниот тим на вработени.

Доколку сметате дека можете да придонесете и да станете дел од успешниот тим на ВИНЕР ЛАЈФ, а притоа ги имате квалификациите што се наведени подолу, АПЛИЦИРАЈТЕ!

Винер Лајф Македонија е присутна на македонскиот пазар од 2010 година и е дел од Групацијата Vienna Insurance Group (VIG) која постои од 1824 година.

Со континуиран раст и развој, поради зголемен обем на работа, Винер Лајф има потреба од искусни и амбициозни личности кои заслужуваат да работат во најдобри услови со најдобри ресурси.

Како работодавец, Winner Life секогаш се стреми кон професионализам и квалитет, како на сегашните така и на идните соработници.

Токму поради тоа, Винер Лајф објавува оглас за вработување на:

ТИМ МЕНАЏЕР

Потребни квалификации:

  • BCC;
  • Менаџерски способности;
  • Амбициозност;
  • Висока мотивираност;
  • Комуникативност;
  • Вештини за преговарање;
  • Способност за тимска работа;
  • Активно познавање на работа со персонален компјутер ( MS Office);
  • Познавање на англиски јазик;
  • Упорност;
  • Иницијативност;
  • Лица со искуство во директна продажба, осигурување и/или финансиска институција (имаат предност);
  • Работното место се однесува за Скопје.

Опис на работното место/одговорности:

  • Планира и реализира активности и обврски во соработка со непосредниот раководител;
  • Подготвува понуди за осигурување на живот;
  • Регрутира, обучува и надгледува агенти за продажба.

Придобивки:

  • Фиксна плата + дополнителна провизија;
  • Првичен договор со времетраење од 6 месеци, со можност за продолжување;
  • Можност за вработување, конкурентен систем на наградување и континуирана надградба, едукација, и кариера во Винер Лајф и Vienna Insurance Group.

Со испраќањето на Вашите лични податоци, изразувате согласност тие да се користат за потребите на сопственото работење на осигурителното друштво ВИНЕР ЛАЈФ-Виена Иншуренс Груп АД Скопје согласно со Законот за лични податоци.

Ве молиме Вашата кратка биографија (CV) и мотивационо писмо да ги испратите со задолжителна назнака на апликацијата: “ТИМ МЕНАЏЕР“ на следнава e-mail адреса: kariera@winnerlife.mk, најдоцна до 06.09.2021 година.

*НАПОМЕНА: 

Сите апликации освен непотполните ќе бидат земени во предвид. Предност ќе имаат кандидатите кои ги исполнуваат квалификациите наведени во огласот.

Tимот на ВИНЕР ЛАЈФ ОСИГУРУВАЊЕ ви стои на располагање за било какви дополнителни прашања кои може да ги испраќате на истата адреса за е-пошта.

Компании

Зголемени платите на вработените во КАМ за 25% во споредба со лани

Објавено

на

КАМ доследно ја имплементира својата стратегија на континуирано вложување во вработените, а како резултат на тоа бележи раст на платите на своите вработени за 25 отсто во споредба со септември минатата година. Последното зголемување се однесува на вработените во администрација каде просечната исплатена месечна нето плата изнесува 53.000 денари. (more…)

Продолжи со читање

Компании

АЕТМ објавува нов Jавен повик за зајакнување на дигиталните вештини и отварање нови е-продавници: „Дигитално подготвени за е-трговија“

Објавено

на

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – AETM, во рамки на проектот „Дигитално подготвени за Е-Трговија” објавува Јавен повик за учество на заинтересирани компании во програмата за поддршка на микро, мали и средни претпријатија и регистрирани индувидуални производители кои доаѓаат од следниве три сектори: (more…)

Продолжи со читање

Компании

ЕОС Матрикс: Зголемени инвестициите во откуп на побарувања во корпоративниот сектор

Објавено

на

Инвестициите во откуп на побарувања од корпоративниот сектор на ЕОС Матрикс се зголемија повеќе од двојно, споредено со претходниот период. Само во последната година компанијата инвестираше нешто околу 1 милион евра во побарувања од овој тип. (more…)

Продолжи со читање

Популарно