Connect with us

Компании

Оглас за вработување во Вивакс

Објавено

на

Вивакс е македонска компанија која постои 25 години и брои повеќе од 100 вработени. Постојаното вложување во модернизација на производствените процеси, ја прават една од најуспешните компании на Балканот, во полето на производство на овошни сокови.

Секој напредок и достигнат успех на компанијата е резултат на успешното функционирање на целиот тим, желбата за заедничка работа и позитивната енергија.

Поради зголемениот обем на работни активности и растот на компанијата, отворена е работна позиција:

Специјалист за Трејд Маркетинг 

Специфични задачи и одговорности на работната позиција:

  • Изработува и предлага месечен и квартален план на трејд маркетинг активности.
  • Детално ја следи и анализира дистрибуцијата, асортиманот по формати на објекти, позиционирањето и изложеноста на производите во маркетите, и непосредно дава поддршка на тимовите за продажба и мерчандајзинг за подобрување на позициите и продажбата на производите.
  • Изработува извештаи за продажба по производи и канали.
  • Секојдневно комуницира со Принципалите и продажниот тим со цел ефикасна имплементација на зададените таргети.
  • Учествува и помага во составување предлог-програма за рекламно – пропагандни активности.
  • Врши следење на состојба и менџирање на промотивниот материјал (од нарачка до реализација).
  • Врши секојдневна координација со продажниот тим и ја следи на егзекуцијата на промоциите.
  • Ги координира маркетингшките активности кај клучните купувачи.
  • Организира и реализира промотивни настани – in and out of store.
  • Организира промоции со промо тимови и врши едукација, имплеменатција и мерење на резултатите.

Потребни квалификации:

  • Универзитетско образование (Економија, Бизнис администрација, Маркетинг или некоја сродна наука ќе се смета за предност).
  • 3 годишно искуство во секторот на FMCG во категори менаџмент, трејд маркетинг ќе се смета за предност.
  • Има јасно познавање на пазарот, продажбата,  дистрибуцијата и трендовите на пазарот.
  • Одлично познавање на англиски јазик.
  • Одличо познавање на MS Office пакетот.
  • Насоченост кон постигнување на резултати, тимско работење, лојалност, желба за континуиран развој, учење и стекнување нови искуства.
  • Возачка дозвола Б категорија.

Од кандидатот се очекува:

  • Способност за работа во тим.
  • Силни организациски вештини и приоритизирање на работните задачи.
  • Самоиницијативност, лојалност, исполнителност и чесност.
  • Организираност и одговорност.
  • Способност за извршување на работни задачи, врзани со рокови.
  • Ефективна вербална комуникација.
  • Високо развиени аналитички и организациски способности.
  • Високо развиени комуникациски способности.
  • Одлични аналитички способности и прецизност во работењето.
  • Отворен за соработка и желба за работа во средина со високи барања.

Компанијата нуди:

  • Работа во динамична, професионална и стимулативна средина.
  • Можност за напредување и понатамошно усовршување во работата.
  • Позитивна тимска атмосфера.
  • Обезбеден оброк.

Општи правила за аплицирање:

  • Именување на документ за аплицирање – CV (име и презиме на апликантот).
  • Назнака на позицијата за која се аплицира.
  • Согласно Законот за заштита на лични податоци компанијата замолува во текстот на е-поштата да наведете дали прифаќате Вашите податоци да се чуваат во збирката за идни вработувања во Вивакс или сакате Вашите лични податоци да бидат уништени по истекот на активниот оглас. Доколку нема никаква напомена од Ваша страна, податоците ќе бидат уништени.

Сите заинтересирани кандидати нека испратат свое CV со фотографија не постара од 6 (шест) месеци и мотивационо писмо на e-mail: vrabotuvanje@vivaks.com.mk 

Конкурсот е отворен 10 работни денови од неговото објавување (од 15.05.2020 до 28.05.2020).

Напомена:

Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.

Апликациите без назнака НЕМА да бидат разгледани!

Компании

Оглас за вработување во Еазу Фајнанс ДООЕЛ Скопје

Објавено

на

Финасиско друштво Еазу Фајнанс ДООЕЛ Скопје е небанкарска финансиска институција која нуди различни производи од микокредитирање, хипотекарно кредитирање и факторинг. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Оглас за вработување во Кроација Осигурување АД – Друштво за неживотно осигурување

Објавено

на

Кроација Осигурување АД – Друштво за неживотно осигурување, со седиште на Ул.Костурски Херои, бр.38, 1000 Скопје, на ден 02.06.2020 година објавува оглас за пополнување на следната работна позиција:

РЕФЕРЕНТ ЗА ПРЕМИСКО КНИГОВОДСТВО

(more…)

Продолжи со читање

Компании

Оглас за вработување во КликниЈади

Објавено

на

КликниЈади е компанија која врши достава на храна од многу ресторани во Скопје до вашиот Дом или Канцеларија. (more…)

Продолжи со читање

Популарно