Connect with us

Компании

Оглас за вработување во Балфин Груп

Објавено

на

„Скопје Еаст Гате СЕГ“ дел од „Балфин“ групацијата е мултифункционален комплекс кој е спој на трговски центар, резиденцијален комплекс и канцелариски парк, на површина од 152.000 квадратни метри. Поради проширување на одделот за финансии компанијата бара искусни, амбициозни, аналитични, проактивни кандидати за отворена позиција

ФИНАНСИСКИ КОНТРОЛОР

Потребни квалификации, вештини и личен профил:

  • Универзитетско образование од областа економија и финансии
  • Претходно работно искуство од  минимум 3 години на слична позиција
  • Лиценца за овластен сметководител
  • Предност имаат кандидати со напредно познавање на сметководствен програм Pantheon
  • Одлично познавање на работа во MS Office
  • Одлично познавање на англискиот јазик (усно и писмено)
  • Независност и самостојност во извршување на работните обврски
  • Високо ниво на аналитички вештини, расудување и вештини за идентификување детали на база на податоци и документација
  • Познавања од областа на сметководството и финансиите
  • Систематичност, организираност, иницијативност
  • Флексибилност и ориентираност кон пронаоѓање на решенија

Одговорности и работни задачи:

  • Проверка на влезна и излезна документација согласно интерните процедури и сметководствената политика на компанијата и законската регулатива
  • Идентификување на неправилностите во работењето и препорака на мерки за отфрлање на ризикот и заштеда на трошоците
  • Почитување и изготвување на интерните правила и процедури на работење
  • Спроведување на интерни контроли за примена на воспоставените процедури од страна на вработените во компанијата
  • Книжење во компјутерскиот/сметководствениот програми на компанијата
  • Контрола на аналитичка сметководствена евиденција и известување до вработени и надворешни лица
  • Комуникација со институции и деловни соработници
  • Изготвување извештаи пред институции и менаџментот на компанијата
  • Вршење сродни работи
  • Надзор на други соработници

Работни услови:

  • Компензација во согласност со искуството и работните обврски
  • Ресурсите за работа се обезбедени од страна на работодавачот
  • Работа во динамична интернационална средина, со амбициозен и професионален тим

Доколку сакате да станете дел од една од најголемите инвестициски групации во регионот и да работите на овој возбудлив проект, доставете ја вашата кратка биографија и мотивационо писмо на емаил contact@eastgate.mk.

Огласот е активен до 12.12.2019 година.

Само кандидатите кои ги исполнуваат бараните услови ќе бидат контактирани за понатамошна селекција.

Компании

Оглас за вработување во ТИГО Фајнанс

Објавено

на

Tigo Finance is a leading fintech company in the region, providing a scope of financial services, including payday and consumer loans. Based on the proven experience and achievements in the industry with headquarters in Skopje the company aims to offer microfinance services to private inpiduals with the simplest, quickest and most convenient borrowing process for the customer.  (more…)

Продолжи со читање

Компании

Оглас за вработување во СН Осигурителен брокер АД Битола

Објавено

на

Бидете дел од најбрзорастечко брокерско друштво во секторот на осигурување – СН Осигурителен брокер АД Битола. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Оглас за вработување во ТИГО Фајнанс

Објавено

на

Tigo Finance is a leading fintech company in the region, providing a scope of financial services, including payday and consumer loans. Based on the proven experience and achievements in the industry with headquarters in Skopje the company aims to offer microfinance services to private inpiduals with the simplest, quickest and most convenient borrowing process for the customer.  (more…)

Продолжи со читање

Популарно