Connect with us

Банки

Огласи за вработување во Централна кооперативна банка

Објавено

на

Централна кооперативна банка АД Скопје, дел од групацијата ЦКБ Груп ЕАД има потреба од вработување на квалитетни и високо мотивирани лица заинтересирани за следниве работни места:

1. Соработници за клиентска услуга:

Филијала Скопје – 3 лица
Филијала Куманово – 1 лице
Експозитура Пробиштип – 1 лице

Работниот однос е на определено време од 6 (шест) месеци со можност за продолжување на истиот на неопределено време.

Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот

Неделно работно време: понеделник – петок

За ова работно место предвидена е солидна почетна нето плата како и можност за дополнителни бонуси и награди во согласност со вложениот ангажман и остварените резултати.

Кандидатите треба да располагаат со следниве квалификации и познавања:

– Најмалку високо образование од областа на економските науки;

– Солидно познавање на англиски јазик;

– Одлично познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери.

Избраниот кандидат треба да поседува:

– Самоиницијативност и тимска работа во динамично окружување;

– Одлични комуникациски способности;

– Позитивен приод кон работата;

– Висок степен на прецизност.

2. Соработници за работа во благајна во Филијала Скопје – 2 лицa

Работниот однос е на определено време од 6 (шест) месеци со можност за продолжување на истиот на неопределено време.

Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот

Неделно работно време: понеделник – петок

Кандидатите треба да располагаат со следниве квалификации и познавања:

– Високо образование од областа на економските науки или завршено средно економско училиште со најмалку тригодишно искуство со работа во благајна;

– Солидно познавање на англиски јазик;

– Одлично познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери.

Избраниот кандидат треба да поседува:

– Одлични комуникациски способности;

– Позитивен приод кон работата;

– Висок степен на прецизност во работењето.

Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување како и напредок и развој во кариерата. Доколку сакате да станете дел од успешниот тим на Централна кооперативна банка, испратете CV и пропратно писмо на hr@ccbank.mk .

Огласот ќе биде активен заклучно со 28.02.2018 година.

Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување. Само кандидатите со уредни и навремени апликации, а кои одговараат на условите наведени во огласот, ќе бидат поканети на тестирање односно интервју кое претставува дел од процесот на селекција на кандидати за вработување во Банката.

Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.

Централна кооперативна банка АД Скопје

Ул. 1732 бр. 2

1000 Скопје Р. Македонија

Email: hr@ccbank.mk

Тел. (02) 3 249 308

Банки

Оглас за вработување во Силк Роуд Банка АД Скопје

Објавено

на

СИЛК РОУД БАНКА АД СКОПЈЕ нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, со можност за личен развој и професионален напредок.  (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во НЛБ Банка

Објавено

на

НЛБ Банка е една од водечките Банки во Р.Македонија и лидер на пазарот во делот на современи банкарски услуги. Својот успех го темели на имплементацијата на висококвалитетни стандарди во работењето, модерната инфраструктура на информатичката технологија и успешната пазарна стратегија. (more…)

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange