Connect with us

Банки

Огласи за вработување во Стопанска банка АД Скопје – Регион Скопје

Објавено

на

Поради зголемен обем на работење и со цел да ангажирање на квалитетни професионалци кои ќе добијат шанса, преку тимска работа, да напредуваат во својата банкарска кариера Стопанска банка АД Скопје објавува огласи за вработување на Благајник, Советник за продажба и Агент за грижа на корисници во Регион Скопје / Контакт Центар.

Благајникот е одговорен за навремено и ефикасно услужување на клиентите на благајна во филијалата, одговорен да обезбеди точно и сигурно реализирање на готовинските и безготовинските трансакции на клиентите, зема учество и придонесува за продажбата и промовирањето на производите на банката, обезбедува висок квалитет на услуги.

Советникот за продажба е одговорен за ефективна промоција и продажба на производите и услугите на Банката, зголемување на базата на клиенти на Банката, максимизирање на профитабилноста и зголемување на продажбата на производите и услугите на Банката преку вкрстена продажба и реализирање на поставените таргети, обезбедување на високо ниво на задоволство на клиентите.

Агентот за грижа на корисници во Контакт Центар одговара на дојдовни повици и иницира излезни повици, извршува трансакции преку сервисот телефонско банкарство, одговара на поплаки/прашања, забелешки од клиентите поврзани со производите и сервисите на Банката.

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните квалификации:

ВСП – економски факултет, бизнис администрација или друга сродна област
За работното место Советник за продажба, работното искуство од најмалку 1 година во областа на продажба ќе се смета за предност
Одлично познавање на англиски јазик – поседување на соодветен сертификат за IELTS, TOEFL ќе се смета за предност
Одлично познавање на Microsoft Office
Обуки за продажба и грижа за клиенти – поседување на соодветен сертификат ќе се смета за предност

Лични карактеристики на кандидатот:

Развиени комуникациски вештини, продажни вештини, моќ на убедување;
Ориентираност кон клиенти;
Способност за прилагодување на динамичната работа во филијалите и на потребите на различните клиенти кои ја посетуваат филијалата;
Подготвеност за извршување повеќе активности истовремено и во кратки временски рокови;
Прецизност, точност и аналитичен пристап во работењето;
Висок личен интегритет, деловен и професионален однос.

Банката обезбедува минимална почетна плата во месечен нето износ од 18.000,00 МКД.

Работното време е 8 часа дневно или 40 часа неделно, од понеделник до петок, со можност за работа во сабота и работа во две смени. Работно време на Контакт Центарот е 24/7. Почетокот и крајот на работното време се утврдува со одлука на Банката.

Банката нуди динамична, квалитетна и пријатна работна средина, дополнителна обука и можности за стручно усовршување и професионален напредок на своите вработени.

Ве молиме да ја пополните апликацијата на веб страницата на Банката или Вашата кратка биографија на англиски или на македонски јазик доставете ја во седиштето на Банката на ул. 11 Октомври, бр.7, 1000 Скопје со назнака за кое работно место аплицирате, најдоцна до 28.05.2018година. Лице за контакт Даниела Радевска, тел. 02/3295-277.

Банката ќе изврши избор во законскиот рок, во согласност со бројот на пријавени кандидати. Само селектираните кандидати ќе бидат известени и повикани на интервју.

Банки

Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје

Објавено

на

УНИБанка има потреба од вработување на квалитетни и високо мотивирани лица и за таа цел објавува оглас за следново работно место: (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во ПроКредит Банка

Објавено

на

Доколку се идентификувате со целите и етичките вредности на ПроКредит Банка, сте амбициозни и посветени индивидуи кои што сакаат да се надоградуваат во повеќе области, аплицирајте за Советник за продажба. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во НЛБ Банка

Објавено

на

НЛБ Банка е една од водечките Банки во Р.Македонија и лидер на пазарот во делот на современи банкарски услуги.  Својот успех го темели на имплементацијата на висококвалитетни стандарди во работењето, модерната инфраструктура на информатичката технологија и успешната пазарна стратегија.

За потребите на нашите безбедносни служби бараме кандидат за следната атрактивна работна позиција:

Технички специјалист за безбедносни системи

Главна цел на работното место е инсталација, одржување и контрола на техничките безбедносни системи (видео надзор, алармни системи и системи за контрола на пристап)

Улога во тимот:

  • Одржување и контрола на системите за техничко обезбедување (со главен фокус на системи за видео надзор, алармни системи и системи за контрола на пристап);
  • Спроведување на процедурите и упатствата на безбедносните системи на Банката
  • Координација и контрола на надворешни добавувачи на технички и безбедносни услуги;
  • Планирање и организација на превентивни и вонредни мерки за одржување
  • Анализа и известување за користењето на системите
  • Администрирање на профилите на корисниците на техничките безбедносни системи.

Потребни квалификации и компетенции:

  • Техничко образование од областа на електро-техниката / електроника:
  • Електро-техничар (средно стручно образование) со најмалку 5 години соодветно работно искуство или
  • Инженер по електро-техника / електроника со најмалку една година соодветно работно искуство
  • Соодветно работно искуство за оваа позиција се смета инсталација / одржување на алармни системи, системи за видео надзор и друга безбедносна опрема
  • Напредни технички познавања од системи за видео надзор, алармни системи и системи за контрола на пристап.
  • Англиски јазик на најмалку средно ниво, стручен технички јазик
  • Аналитичност и темелност во работењето, способност  за идентификација на проблеми и нивно решавање
  • Афинитет кон безбедносни системи

Ве поттикнуваме да станете дел од нашиот тим:

  • Работното место нуди предизвик за работа со софистицирани технички системи за поддршка на безбедноста на Банката
  • Тим на успешни професионалци, посветени на иновации
  • Меѓусебната доверба и соработка се основни начела во работењето
  • Можности за обука и кариерен развој
  • Конкурентен пакет на плата и надоместоци

Заинтересираните кандидати своите податоци можат да ги достават на следниот линк најдоцна до 25.05.2018 година.

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250
[ccpw id="39761"]

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange