Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Банки

Огласи за вработување во Стопанска банка АД Скопје – Регион Скопје

Објавено

на

Поради зголемен обем на работење и со цел да ангажирање на квалитетни професионалци кои ќе добијат шанса, преку тимска работа, да напредуваат во својата банкарска кариера Стопанска банка АД Скопје објавува огласи за вработување на Благајник, Советник за продажба и Агент за грижа на корисници во Регион Скопје / Контакт Центар.

Благајникот е одговорен за навремено и ефикасно услужување на клиентите на благајна во филијалата, одговорен да обезбеди точно и сигурно реализирање на готовинските и безготовинските трансакции на клиентите, зема учество и придонесува за продажбата и промовирањето на производите на Банката, обезбедува висок квалитет на услуги.

Советникот за продажба е одговорен за ефективна промоција и продажба на производите и услугите на Банката, зголемување на базата на клиенти на Банката, максимизирање на профитабилноста и зголемување на продажбата на производите и услугите на Банката преку вкрстена продажба и реализирање на поставените таргети, обезбедување на високо ниво на задоволство на клиентите.

Агентот за грижа на корисници во Контакт Центар одговара на дојдовни повици и иницира излезни повици, извршува трансакции преку сервисот Телефонско банкарство, одговара на поплаки/прашања, забелешки од клиентите поврзани со производите и сервисите на Банката.

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните квалификации:

ВСП – економски факултет, бизнис администрација, организациски менаџмент, менаџмент на информациски системи, и правни науки или друга сродна област;
За работното место Советник за продажба, работното искуство од најмалку 1 година во областа на продажба ќе се смета за предност;
Одлично познавање на англиски јазик – поседување на соодветен сертификат за IELTS, TOEFL ќе се смета за предност;
Одлично познавање на Microsoft Office;
Обуки за продажба и грижа за клиенти – поседување на соодветен сертификат ќе се смета за предност;
Тимска работа.

Лични карактеристики на кандидатот:

Развиени комуникациски вештини, продажни вештини, моќ на убедување;
Ориентираност кон клиенти;
Способност за прилагодување на динамичната работа во филијалите и на потребите на различните клиенти кои ја посетуваат филијалата;
Подготвеност за извршување повеќе активности истовремено и во кратки временски рокови;
Прецизност, точност и аналитичен пристап во работењето;
Висок личен интегритет, деловен и професионален однос.

Банката обезбедува минимална почетна плата во месечен нето износ од 18.000,00 МКД.

Работното време е 8 часа дневно или 40 часа неделно, од понеделник до петок, со можност за работа во сабота, и работа во две смени. Работно време на Контакт Центарот е 24/7. Почетокот и крајот на работното време се утврдува со одлука на Банката.

Банката нуди динамична, квалитетна и пријатна работна средина, дополнителна обука и можности за стручно усовршување и професионален напредок на своите вработени.

Ве молиме да ја пополните апликацијата на интернет страницата на Банката www.stb.com.mk/kariera-vo-sb/ или вашата кратка биографија на англиски или на македонски јазик доставете ја во седиштето на Банката на ул. 11 Октомври, бр.7, 1000 Скопје со назнака за кое работно место аплицирате, најдоцна до 11.06.2018 година. Лице за контакт Даниела Радевска, тел. 02/3295-277.

Банката ќе изврши избор во законскиот рок, во согласност со бројот на пријавени кандидати.Само селектираните кандидати ќе бидат известени и повикани на интервју.

Банки

Оглас за вработување во Охридска банка АД Скопје

Објавено

на

Охридска банка АД Скопје објавува оглас за вработување на:

РЕФЕРЕНТ ЗА ОДНОСИ СО КОРПОРАТИВНИ КЛИЕНТИ

(more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Охридска банка АД Скопје

Објавено

на

Придружете се кон успешниот тим на професионалци, посветен кон издигнување на Охридска банка АД Скопје во референтна банка во односите со клиентите. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Централна кооперативна банка

Објавено

на

Централна кооперативна банка АД Скопје, дел од групацијата ЦКБ Груп ЕАД има потреба од вработување на четири лица на работно место Соработник за клиентска услуга во дел од експозитурите во Скопје.  (more…)

Продолжи со читање
project

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange