Connect with us

Банки

Огласи за вработување во Охридска банка АД Скопје

Објавено

на

Придружете се кон успешниот тим на професионалци, посветен кон издигнување на Охридска банка во референтна банка во односите со клиентите.

Оваа цел може да се оствари само со вистинските луѓе и со вистинскиот тим – преку заедничка работа и градење на тимскиот дух.
Тимскиот дух e прва вредност на Охридска банка и значи многу повеќе отколку само заедничка работа. Значи формирање цврсти и трајни релации засновани на почитување и доверба. Професионализмот и иновацијата го дополнуваат тимскиот дух, а вредности кои се ценат се и одговорноста и посветеноста кон остварување резултати.

Доколку себеси се препознавате во овие вредности, Охридска банка АД Скопје ве поканува да станете дел од меѓународна групација која може да ви понуди работа во динамично опкружување со бројни можности за обуки и развој, на позициите:

Благајници/Референти за односи со индивидуални клиенти
/Референти за односи со корпоративни клиенти 

Локација: Скопје

ГЛАВНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ ЗА ПОЗИЦИЈА БЛАГАЈНИК: 

  • Врши уплати и исплати од денарски и девизни штедни книшки
  • Врши работи од доменот на менувачкото работење
  • Врши уплати и исплати по тековни и жиро сметки и кредити
  • Врши упис на камати
  • Безготовински и готовински платен промет во земјата
  • Изготвува прегледи на крајот од работното време
  • Пополнува образец за редовни трансакции по Законот за спречување на перење пари

ГЛАВНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ ЗА ПОЗИЦИЈА РЕФЕРЕНТ ЗА ОДНОСИ СО ИНДИВИДУАЛНИ КЛИЕНТИ: 

  • Примена на комерцијални цели
  • Добро познавање на производите на Банката и постоечките клиенти
  • Промоција на актуелните производи на Банката
  • Закажување на состаноци со сегашни и идни клиенти
  • Собирање на податоци за создавање и ажурирање на досието на клиентот
  • Подоготовка на понуда на целосна палета на продукти и услуги на Банката
  • Подготовка на извештаи
  • Управување на различни видови на трансакции
  • Водење на заостанати наплати

ГЛАВНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ ЗА ПОЗИЦИЈА РЕФЕРЕНТ ЗА ОДНОСИ СО КОРПОРАТИВНИ КЛИЕНТИ: 

  • Примена на комерцијални цели
  • Закажување на состаноци со сегашни и идни клиенти
  • Понуда на целосна палета на продукти и услуги на Банката
  • Познавање на Тарифата и правилата за каматната политика на Банката
  • Подготвување на комерцијален предлог за клиентот
  • Подготовка на извештаи
  • Управување на различни видови на трансакции
  • Водење на заостанати наплати

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ: 

  • Високо образование – Економски Факултет;
  • Претходно работно искуство од најмалку 1 година;
  • Предност ќе се смета работно искуство во областа на банкарството;
  • Одлично познавање на Aнглиски јазик;
  • Одлично познавање на MS Office ;
  • Тимски играч;
  • Одговорна, прецизна, проактивна личност, ориентирана кон остварување резултати.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови потребно е да испратат Професионална биографија (CV), најдоцна до 03.01.2020 година на: kariera@ob.com.mk, со задолжителна назнака за позицијата за којашто аплицирате.

Со испраќање на Вашата апликација давате согласност Вашите податоци да бидат задржани и користени од Банката во рок од една (1) година.

Напомена:

Апликациите без назнака нема да бидат разгледувани.
Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани за интервју.

Банки

Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје е брзорастечка банка составена од тим од млади, амбициозни и мотивирани вработени. Во согласност со стратегијата, Банката е секогаш отворена за нови, едуцирани, трудољубиви, високо мотивирани и талентирани кандидати за вработување. Истовремено, на членовите на својот тим, Халкбанк АД Скопје им нуди одлични работни услови, конкурентни примања и бенефиции, како и континуиран кариерен и професионален развој, кои што ја рефлектираат улогата на Банката како водечка финансиска институција во локалниот финансиско-банкарски сектор. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје

Објавено

на

УНИБанка се промовираше како лидер во средната група на Банки во Република Македонија, со ова зазема централно место на финансискиот пазар. Денес активностите како современа банка не се ограничени само на традиционалните банкарски работи, туку ни нудат и голем број услуги претворајќи се на тој начин во универзална финансиска институција.

(more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Капитал банка АД Скопје

Објавено

на

Капитал банка АД Скопје има потреба од вработување на едно лице на работна позиција Референт во Одделение за сметководство и известување. (more…)

Продолжи со читање

Популарно