Connect with us

Банки

Огласи за вработување во НЛБ Банка АД Скопје

Објавено

на

НЛБ Банка е една од водечките Банки во Р.С.Македонија и лидер на пазарот во делот на современи банкарски услуги. Својот успех го темели на тимот на посветени вработени, висококвалитетните стандарди во работењето, модерната инфраструктура на информатичката технологија и успешната пазарна стратегија.

Банката во рамки на својата стратешка определба го зајакнува својот тим на успешни професионалци во Секторот за информатичка технологија на Банката за следниве атрактивни работни позиции:

1. IT Security Engineer
(Инженер за информатичка сигурност)

Твоите работни цели:

  • Изработка и реализација на безбедносни политики и обезбедување на безбедносни механизми.
  • Учество во стратегијата и архитектурата на информатичките системи.
  • Дизајнирање, имплементирање на безбедносни мерки и контроли, планови за обновување на податоците и деловен континуитет.
  • Инсталација, конфигурирање и надградба на безбедносни софтвери.
  • Анализа на податоци од хетерогени безбедносни уреди.
  • Следење, тестирање, безбедносен надзор и усогласување на работата на ИТ системите и предлагање на промени и подобрувања.
  • Истражување, документирање и известување за прашања поврзани со безбедноста на информациите и новите трендови.
  • Соработка со Одговорното лице за сигурност на информативниот систем на Банката (ОСИС).

Твојот профил:

  • Универзитетско образование од областа на информатичките науки;
  • Минимум три години работно искуство како инженер за информатичка сигурност, системски или мрежен администратор;
  • Познавање на системи и апликации од доменот на информатичка сигурност како: Security Information and Event Management
  • (SIEM), Intrusion detection/prevention systems (IPS/IDS), Web and Email Security Gateways, заштитни ѕидови (Firewalls), системи за детекција на ранливости на ИТ системите (Vulnerability scanner) и др.;
  • Способност за тимска работа, aналитички вештини и способност за оценка, планирање, контрола и одлучување;
  • Изразена иницијативност, одговорен и темелен пристап кон работата;
  • Активно познавање на англиски јазик.

2. ИТ Специјалист

Твоите работни цели:

  • Анализа на деловните барања и спецификација на програмско решение;
  • Одржување на постојни апликации;
  • Одговорен за архитектура и дизајнирање на решенијата;
  • Обезбедување на интегритет на дизајнот на решенијата при имплементација;
  • Изработка на технички предлози и решенија, димензионирање на решението;
  • Надгледуње, следење и проверка на дизајнот на решенјата за проширувања согласно бизнис барањата;
  • Помош на деловните корисници на системите при тестирање на програмските решенија и проценка на резултатите од тестирање;
  • Учество во воведување нови технологии и стандарди за развој на програмските решенија;
  • Соработка со надворешни изведувачи за развој на нови проектни решенија од областа на банкарската информатичка технологија.

Твојот профил:

  • Универзитетско образование од областа на информатичките науки;
  • Одлично познавање од Microsoft SQL Database вклучително:
  • SQL Server;
  • Transact SQL (tSQL);
  • Visual Studio (VS);
  • SQL Server Management Studio (SSMS);
  • SQL Server Integration Services (SSIS);
  • SQL Server Analysis Services (SSAS);
  • SQL Server Reporting Services (SSRS)
  • Team Foundation Server (TFS).
  • Современи и класични алатки за поддршка и развој на софтвер;
  • Познавање на алатки за автоматски тестови;
  • Подготвен да учи и да работи со најнова компјутерска технологија;
  • Професионален пристап кон работните обврски;
  • Одлични комуникациски вештини;
  • Ориентираност кон решавање на проблеми, креативно и критичко размислување;
  • Способност за тимска работа и самоиницијативност;
  • Способност за одлучување;
  • Активно познавање на англиски јазик.

3. ИТ Mрежен инженер

Твоите работни цели:

  • Конфигурација, одржување и управување со мрежната инфраструктура и соодветните алатки;
  • Конфигурација и интеграција на нова мрежна опрема во постоечката инфраструктура;
  • Анализа и решавање на софтверски, хардверски и други мрежни и системски проблеми;
  • Активно следење на новите трендови во технологијата и предлагње нови решенија;
  • Планирање и имплементација на сценарија за деловен континуитет.

Твојот профил:

  • Универзитетско образование од областа на информатичките науки;
  • Минимум 2 години работно искуство како мрежен инженер;
  • Солидни аналитички вештини, вештини за решавање проблеми и способност за тимска работа;
  • Искуство во network security, LAN, WAN, FW, VPN и VoIP;
  • Познавање на динамички рутирачки протоколи (BGP, OSPF, EIGRP);
  • Пожелно е искуство во работа со Cisco, Juniper,HP, CheckPoint технологии;
  • Активно познавање на англиски јазик.

4. IT System Administrator
(Систем администратор)

Твоите работни цели:

  • Одржување, надзор и имплементација на сервери и сервиси Windows Client Server; инфраструктура со повеќе AD контролери, дистрибуирана Exchange платформа и Microsoft Web и File сервиси, во физичка и виртуелизациска околина (HyperV и VMware);
  • Управување и поврзување со централни Storage системи;
  • Планирање и имплементација на сценарија за деловен континуитет.
  • Поддршка на клиентска Windows инфраструктура.

Твојот профил:

  • Универзитетско образование од технички науки (Информатика, Електротехника);
  • Минимум две години работно искуство како систем инженер/администратор;
  • Способност за тимска работа, aналитички вештини и способност за оценка, планирање, контрола и одлучување;
  • Изразена иницијативност, одговорен и темелен пристап кон работата;
  • Активно познавање на англиски јазик.

Мотив за да се придружите кон тимот на НЛБ Банка:

  • Работните места нудат предизвик за работа со модерна инфраструктура на информатичката технологија;
  • Тим на успешни професионалци, посветени на иновации;
  • Отвореност кон воведување на нови решенија од областа на ИТ технологијата;
  • Препознатлив регионален бренд и современо работно опкружување;
  • Меѓусебната доверба и грижа за другиот се основни начела во работењето;
  • Напредна обука и индивидуален кариерен развој;
  • Менторство од врвни банкарски експерти;
  • Конкурентен пакет на плата и бенефиции.

Заинтересираните кандидати своите кратки биографии можат да ги достават на следниот линк со избирање на работната позиција или на: nlbkariera@nlb.mk, најдоцна до 07.12.2021 година.

Само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју.

Банки

Оглас за вработување во Силк Роуд Банка АД Скопје

Објавено

на

СИЛК РОУД БАНКА АД СКОПЈЕ нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина, со можност за личен развој и професионален напредок. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Огласи за вработување во Комерцијална банка АД Скопје

Објавено

на

Доколку имаш желба и амбиција за професионален и кариерен развој во финансиска институција со долгогодишна традиција, која гради стабилност, ефикасност и иновативност со успешен и посветен тим на професионалци, аплицирај за вработување во Комерцијална банка АД Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје

Објавено

на

Доколку имаш желба да бидеш дел од динамичен банкарски тим кој со отворен ум ги прифаќа секојдневните предизвици имаш позитивен пристап во работата, покажуваш ентузијазам секогаш да бидеш најдобар во тоа што го работиш, имаш желба да учиш и да се развиваш преку организацијата и се трудиш да изнајдеш иновативни и креативни начини за реализација на задачите, а воедно ти е важно да работиш во средина во која се вреднува тимскиот дух и фер однесување, Шпаркасе Банка ве охрабрува да се придружите на нивниот тим и заедно, секојдневно да ги живеете корпоративните вредности! (more…)

Продолжи со читање

Популарно