Connect with us

Банки

Огласи за вработување во Народната банка на Република Северна Македонија

Објавено

на

Народната банка на Република Северна Македонија објавува:

ОГЛАС 
за вработување 4 извршители во Народната банка на Република Северна Македонија,

на определено време

Народната банка на Република Северна Македонија објавува оглас за вработување на 4 извршители на определено време во траење од 1 година и тоа:

  • 2 извршители во Дирекцијата за техничко одржување, обезбедување и архива на работно место „чувар почетен степен“ во Рефератот за физичко обезбедување (ФО) и противпожарна заштита (ППЗ) во Отсекот за обезбедување и
  • 2 извршители во Дирекцијата за платни системи и тоа: 1 извршител на работно место „помлад аналитичар почетен степен“ во Отсекот за оперативни работи и еден извршител на работно место „помлад аналитичар почетен I степен“ во Отсекот за платен промет со странство за државата и државните органи.

Кандидатите кои ќе засноваат работен однос на работните места од точка 1, треба да ги исполнуваат следниве општи услови за засновање на работен однос утврдени во Колективниот договор на ниво на Народната банка на Република Македонија:

  • да се државјани на Република Северна Македонија,
  • да се полнолетни,
  • да имаат општа здравствена способност за работното место и
  • да не им е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност.

Покрај општите услови за засновање на работен однос утврдени во Колективниот договор на ниво на Народната банка на Република Македонија, кандидатите, треба да ги исполнуваат и следниве посебни услови:

за работното место „чувар почетен степен“ во Рефератот за физичко обезбедување (ФО) и противпожарна заштита (ППЗ) во Отсекот за обезбедување:

  • да имаат завршено средно образование во траење од 3 или 4 години,
  • да бидат со или без работен стаж,
  • да имаат познавање на англиски јазик и работа со компјутер,
  • да поседуваат уверение за стручно усовршување за пожарникар и
  • да поседуваат лиценца за физичко обезбедување.

Кандидатите за работнoто место од оваа алинеја ќе бидат тестирани за нивните стручни познавања од областа на обезбедувањето и противпожарната заштита.

за работното место „помлад аналитичар почетен степен“ во Отсекот за оперативни работи:

  • да имаат завршено факултет од областа на економските науки со најмалку 180 ЕКТС кредити (VIБ),
  • да бидат со или без работен стаж,
  • да имаат познавање на англиски јазик и работа со компјутер,
  • познавање на платниот промет, платните системи и финансиските пазари,
  • познавања од областа на работењето на Народната банка.

Кандидатите за работнoто место од оваа алинеја ќе бидат тестирани за нивните познавања на англиски јазик и стручните знаења од областа на платните системи и платежните услуги.

за работно место „помлад аналитичар почетен I степен“ во Отсекот за платен промет со странство за државата и државните органи:

  • да имаат завршено факултет од областа на економските науки со најмалку 180 ЕКТС кредити (VIБ),
  • да бидат со или без работен стаж,
  • да имаат познавање на англиски јазик и работа со компјутер,
  • познавање на платниот промет, платните системи и финансиските пазари и
  • познавања од областа на работењето на Народната банка.

Кандидатите за работното место од оваа алинеја ќе бидат тестирани за нивните познавања на англиски јазик и стручните знаења од областа на платните системи и платежните услуги.

Договорот за вработување склучен на определено време, може да се продолжи со анекс кон Договорот, во согласност со одредбите од Законот за работните односи.

Кандидатите за работните места од точкa 1 потребно е да достават: пријава, кратка биографија, доказ за државјанство издаден од надлежен орган на Република Северна Македонија, потврда од надлежен орган (Централен регистар на Република Северна Македонија или надлежен суд) за неизречена казна, забрана за вршење професија, дејност или должност (не постара од 6 месеци пред денот на поднесувањето на пријавата), диплома или уверение за завршено образование (согласно барањата за секое работно место), доказ за познавање на англиски јазик, доказ за познавање на работа со компјутери, доказ дека поседуваат уверение за стручно усовршување за пожарникар и лиценца за физичко обезбедување (за работното место чувар почетен степен) и доказ за работен стаж доколку го имаат од Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Република Северна Македонија.

Сите докази, потврдата, дипломата или уверението за завршено образование, може да бидат доставени во копија.

Работното време, во работната недела за работното место чувар почетен степен е организирано во 2 смени по 12 часа дневно, од кои првата смена започнува од 7:00 часот и завршува во 19:00 часот, а втората смена започнува во 19:00 часот и завршува во 7:00 часот.

Работното време, во работната недела за работното место помлад аналитичар почетен степен започнува помеѓу 8:00 и 11:30 часот, а завршува помеѓу 16:00 и 19:30 часот.

Работното време, во работната недела за работното место помлад аналитичар почетен I степен, започнува помеѓу 8:00 и 9:00 часот, а завршува помеѓу 16:00 и 17:00 часот.

Во согласност со Колективниот договор на ниво на Народната банка, со кандидатот кој ќе заснова работен однос на работното место од точка 1 алинеја 1 на оваа одлука, кој нема работен стаж, ќе се склучи договор за вработување на определено време со вршење на приправнички стаж во времетраење од најмногу 6 месеци, а со кандидатот кој ќе заснова работен однос на работните места од точка 1 алинеја 2, кој нема работен стаж, ќе се склучи договор за вработување на определено време со вршење на приправнички стаж во времетраење од најмногу 1 година.

Со кандидатот кој ќе заснова работен однос на работните места од точка 1 на оваа одлука, кој има работен стаж и за првпат склучува договор за вработување со Народната банка, ќе се склучи договор за вработување на определено време со вршење пробна работа во времетраење од 2 месеци.

Висината на основната (нето) плата на работникот за работното место чувар почетен степен изнесува 18.770,00 денари.

За време на приправнички стаж, висината на основната (нето) плата на работникот изнесува 70% од основната (нето) плата и изнесува 13.386,00 денари.

За време на пробна работа, изнесува 50% од основната (нето) плата и изнесува 8.466,00 денари.

Висината на основната (нето) плата на работникот за работното место помлад аналитичар почетен степен изнесува 20.867,00 денари.

За време на приправнички стаж, висината на основната (нето) плата на работникот изнесува 70% од основната (нето) плата и изнесува 14.849,00 денари.

За време на пробна работа, изнесува 50% од основната (нето) плата и изнесува 9.915,00 денари.

Висината на основната (нето) плата на работникот за работно место помлад аналитичар почетен I степен изнесува 26.237,00 денари.

За време на приправнички стаж, висината на основната (нето) плата на работникот изнесува 70% од основната (нето) плата и изнесува 18.614,00 денари.

За време на пробна работа, изнесува 50% од основната (нето) плата и изнесува 13.530,00 денари.

Рокот за доставување на документите изнесува 7 работни дена, сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот односно најдоцна до 18.12.2020 година.

Изборот на работниците кои ќе засноваат работен однос во Народната банка ќе се изврши во рок од 45 дена по истекот на рокот за пријавување.

Ненавремената и не потполната документација нема да биде разгледувана.

Пријавата е објавена на интернет страната на Народната банка на Република Северна Македонија.

Пријавата со потребната документација да се достават до: Архивата на Народната банка на Република Северна Македонија, Бул.„Кузман Јосифовски Питу“ бр.1 – Скопје.

Банки

Огласи за вработување во Народната банка на Република Северна Македонија

Објавено

на

Врз основа на член 59 од Законот за Народната банка на Република Македонија, а во согласност со членовите 14 став 2, 22 став 1 точка 1, 23 став 1 и 60 од Законот за работните односи и членовите 6, 7 и 23 став 2 од Колективниот договор на ниво на Народната банка на Република Македонија, Народната банка на Република Северна Македонија распишува

ОГЛАС
за вработување 4 извршители во Народната банка на Република Северна Македонија,
на определено време
(more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје

Објавено

на

УНИБанка АД Скопје објавува Оглас за вработување на 1 (еден) извршител на следнава работна позиција:

Раководител на Експозитура – Крушево (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во Капитал Банка АД Скопје

Објавено

на

Капитал банка АД Скопје објавува оглас за вработување на Референт во Служба за кредитна анализа и оценка на големи корпоративни клиенти и МСП во експозитура Тетово. (more…)

Продолжи со читање


Популарно