Connect with us

Банки

Огласи за вработување во КаСис – Интернационален Картичен Систем АД Скопје

Објавено

на

Интернационален Картичен Систем АД Скопје (КаСис), процесор за обработка на трансакции со платежни картички и персонализација е модерна, иновативна и технолошка компанија. Компанијата нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина со можност за личен развој и професионален напредок. Тимскиот дух e прва вредност на компанијата и значи многу повеќе отколку само заедничка работа.

Доколку себеси се препознавате во овие вредности, Интернационален Картичен Систем АД Скопје (КаСис) Ве поканува да доставите Апликација и да станете дел од тимот за следната позиција:

ИНЖЕНЕР НА СИСТЕМСИСТЕМ АДМИНИСТРАТОРИТ РЕВИЗОР

Детали за работна позиција Инженер на систем

Образование 

  • ВСП степен стручна подготовка – Диплома од универзитетско образование, од Факултет за информатички науки и компјутерско ининженерство / Електротехнички факултет и информациски технологии

Опис на работно место и одговорности:

  • Подготовка, инсталирање и тестирање на нови системи
  • Администрација на апликации
  • Мониторирање на уреди и комуникациски линии
  • Администрирање на канали на плаќања и веб сервис
  • Анализа на податоци
  • Изработка на кориснички упатства и технички спецификации
  • Познавање на работа со база на податоци и дизајн на ИТ Системите

Способност:

  • Комуникативна и динамична личност со способност за преземање на иницијативи
  • Тимски дух, позитивен став и однесување
  • Способност за работа под притисок, справување со стрес и извршување повеќе работи истовремено во кратки временски рокови
  • Прецизност, точност и аналитичен пристап во работењето
  • Висок личен интегритет, деловен и професионален однос
  • Познавање на англиски јазик читање и пишување
  • Работно искуство поврзано со картично работење ќе биде земено како предност
  • Познавање на SQL/SQL Plus ќе биде земено како предност
  • Сертификати од завршени специјализирани курсеви и обуки ќе бидат земени како предност

Детали за работна позиција Систем Администратор

Образование 

  • ВСП степен стручна подготовка – Диплома од универзитетско образование, од Факултет за информатички науки и компјутерско ининженерство / Електротехнички факултет и информациски технологии

Опис на работно место и одговорности:

  • Проектирање, инсталација и надгледување на мрежна инфраструктура
  • Конфигурирање на мрежни уреди (router, switch, firewall, ips)
  • Конфигурирање и администрирање на антивирус и антиспам филтри
  • Конфигурирање и администрирање на мрежна инфраструктура
  • Администрирање  на регуларни резервни копии
  • Изготвување на детална техничка документација, мрежни дијаграми, мрежна инфраструктура и слична документација
  • Следење на сигурност на мрежна инфраструктира и превенција од неовластен пристап
  • Конфигурирање и администрирање на IP телефонија
  • Конфигурирање и надгледување на виртуелна околина (пр.VMWARE)
  • Конфигурирање и одржување на MS Windows и Linux OS
  • Администрирање на Domain Controller

Способност:

  • Комуникативна и динамична личност со способност за преземање на иницијативи
  • Тимски дух, позитивен став и однесување
  • Способност за работа под притисок, справување со стрес и извршување повеќе работи истовремено во кратки временски рокови
  • Прецизност, точност и аналитичен пристап во работењето
  • Висок личен интегритет, деловен и професионален однос
  • Познавање на англиски јазик читање и пишување
  • Сертификати од завршени специјализирани курсеви и обуки ќе бидат земени како предност

Детали за позизиција ИТ Ревизор

Образование:

  • Универзитетско образование од областа на компјутерски/информатички науки, со најмалку 4 години работен стаж стекнат по завршување на високото образование, познавање на англиски јазик

Опис на работно место и одговорности:

  • Спроведување ревизорски прегледи на развој, планирање, одржување и дополнување на хардверски и софтверски решенија, ревизорски прегледи на сигурност на информативниот систем, утврдување на ИТ ризиците поврзани со функционирање на ИТ системи  и предлагање на мерки за нивно надминување
  • Следење на преземените мерки по издадени ревизорски препораки
  • Извршување на детални анализи за оценка на ефективноста и ефикасноста на ревидираниот процес/функција, како и неговата усогласеност со локалната регулатива (Закон за лични податоци) и меѓународните стандарди ISO 27000, ISO 20000 и PCI DSS
  • Проценка на општата ефикасност на работењето на системите и сигурност на информативниот систем
  • Следење и спроведување на интерните процедури и политики во делот на ИТ и сигурност на информативните системи
  • Соработка со надворешни ревизорски контроли
  • Учество во проектите за примена и усогласување на работењето на Друштвото согласно барањата на меѓународните мрежи Мастеркард/Виза, законски регулативи и стандарди

Способност:

  • Одлично познавање, специјализација и искуства во развој на хардверски и софтверски решенија во Microsoft и Linux околина
  • Комуникативна и динамична личност со способност за преземање на иницијативи
  • Тимски дух, позитивен став и однесување
  • Способност за работа под притисок, справување со стрес и извршување повеќе работи истовремено во кратки временски рокови
  • Прецизност, точност и аналитичен пристап во работењето
  • Висок личен интегритет, деловен и професионален однос
  • Способност за комуникација, преговарање и убедување
  • Вештини за презентирање
  • Сертификати од завршени специјализирани курсеви и обуки ќе бидат земени како предност

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови, потребно е да испратат кратка биографија на македонски јазик и мотивационо писмо на адреса: Кузман Јосифовски Питу бр.1 Скопје, најдоцна до 05.07.2021 година.

Со испраќање на Вашата апликација давате согласност Вашите податоци да бидат задржани и користени од Компанијата во рок од една 1 година.

Банки

Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје

Објавено

на

УНИБанка АД Скопје објавува Оглас за вработување на следнава работна позиција: (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во ПроКредит Банка

Објавено

на

Ако се идентификувате со целите и етичките вредности на ПроКредит Банка и сте заинтересирани за нови предизвици во динамична меѓународна и мултикултурна средина (more…)

Продолжи со читање

Банки

Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје

Објавено

на

Одлична можност да се приклучите кон реномирана финансиска институција и да станете дел од професионалниот тим за внатрешна ревизија, кој преку своите независни, објективни, консултантски активности додава вредност во унапредувањето на банкарските операции и ги поддржува активностите на Управниот одбор и Одборот за ревизија на банката. (more…)

Продолжи со читање


Популарно