Компании
Огласи за вработување во КаСис – Интернационален Картичен Систем АД Скопје


Интернационален Картичен Систем АД Скопје (КаСис), процесор за обработка на трансакции со платежни картички и персонализација е модерна, иновативна и технолошка компанија. Компанијата нуди можност за работа во динамична, квалитетна и пријатна работна средина со можност за личен развој и професионален напредок. Тимскиот дух e прва вредност на компанијата и значи многу повеќе отколку само заедничка работа.
Доколку себеси се препознавате во овие вредности, Интернационален Картичен Систем АД Скопје (КаСис) Ве поканува да доставите Апликација и да станете дел од тимот за следните позиции:
1.Инженер на систем – (3) извршители
Образование:
- ВСП степен стручна подготовка – Електротехничи факултет / Факултет за информатички науки.
Опис на работно место и одговорности:
- Подготовка, инсталирање и тестирање на нови системи;
- Администрација на апликации;
- Мониторирање на уреди и комуникациски линии;
- Администрирање на канали на плаќања и веб сервиси;
- Анализа на податоци;
- Изработка на кориснички упатства и технички спецификации;
- Познавање на работа со база на податоци и дизајн на ИТ Системите.
Способност:
- Комуникативна и динамична личност со способност за преземање на иницијативи;
- Тимски дух, позитивен став и однесување;
- Способност за работа под притисок, справување со стрес и извршување повеќе работи истовремено во кратки временски рокови;
- Прецизност, точност и аналитичен пристап во работењето;
- Висок личен интегритет, деловен и професионален однос;
- Познавање на англиски јазик читање и пишување;
- Работно искуство поврзано со картично работење ќе биде земено како предност;
- Познавање на SQL/SQL Plus ќе биде земено како предност;
- Сертификати од завршени специјализирани курсеви и обуки ќе бидат земени како предност.
2. Систем aдминистратор – (1) извршител
Образование:
- ВСП степен стручна подготовка – Електротехничи факултет / Факултет за информатички науки.
Опис на работно место и одговорности:
- Проектирање, инсталација и надгледување на мрежна инфраструктура;
- Конфигурирање на мрежни уреди (router, switch, firewall, ips);
- Конфигурирање и администрирање на антивирус и антиспам филтри;
- Конфигурирање и администрирање на мрежна инфраструктура;
- Администрирање на регуларни резервни копии;
- Изготвување на детална техничка документација, мрежни дијаграми, мрежна инфраструктура и слична документација;
- Следење на сигурност на мрежна инфраструктира и превенција од неовластен пристап;
- Конфигурирање и администрирање на IP телефонија;
- Конфигурирање и надгледување на виртуелна околина (пр.VMWARE);
- Конфигурирање и одржување на MS Windows и Linux OS;
- Администрирање на Domain Controller.
Способност:
- Комуникативна и динамична личност со способност за преземање на иницијативи;
- Тимски дух, позитивен став и однесување;
- Способност за работа под притисок, справување со стрес и извршување повеќе работи истовремено во кратки временски рокови;
- Прецизност, точност и аналитичен пристап во работењето;
- Висок личен интегритет, деловен и професионален однос;
- Познавање на англиски јазик читање и пишување;
- Сертификати од завршени специјализирани курсеви и обуки ќе бидат земени како предност.
3. Техничар за помош на корисниците – (1) извршител
Образование
- ССП – техничка насока.
Опис на работно место и одговорности:
- 24/7 дежурен центар;
- Подготовка на извештаи;
- Мониторинг на системи и линии;
- Контакт со банки / клиенти.
Способност:
- Комуникативна и динамична личност;
- Тимски дух, позитивен став и однесување;
- Способност за работа под притисок, справување со стрес и извршување повеќе работи истовремено во кратки временски рокови;
- Потврда за завршена обука од областа на комуникациските вештини ќе биде земено како предност.
Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови, потребно е да испратат кратка биографија на македонски јазик и мотивационо писмо на адреса: Кузман Јосифовски Питу бр.1 Скопје најдоцна до 30.11.2019година.
Со испраќање на Вашата апликација давате согласност Вашите податоци да бидат задржани и користени од Компанијата во рок од една 1 година.
Компании
Ванчо Чифлиганец и Адора ќе добијат енормни 3,1 милиони евра дивиденда од Комерцијална банка!


Во периодот од 01.01-31.12.2021 година Комерцијална банка АД Скопје од своето работење оствари добивка пред оданочување во износ од 2.504,6 милиони денари наспроти 2.067,1 милиони денари во 2020 година, што претставува пораст од 21,2%. Планираната добивка за анализираниот период е реализирана со 127,1%. Данокот на добивка во 2021 година изнесува 200,3 милиони денари, а нето-добивката за годината изнесува 2.304,3 милиони денари, или 20,5% повеќе во однос на минатата година. (more…)
Компании
Оглас за вработување во ТРИГЛАВ ОСИГУРУВАЊЕ ЖИВОТ АД. СКОПЈЕ


Триглав осигурување Живот АД Скопје објавува оглас за пополнување на 1 (едно) работно место: (more…)
Компании
Македонско кредитно биро – основа за сигурен бизнис


Досегашното искуство на деловното работење кај нас, покажува дека фирмите најчесто се соочуваат со недоволно познавање на ликвидноста на бизнис – партнерите со кои соработуваат, како и со нивното подмирување на финансиските обврски, наплатата на побарувањата и уште со ред други неизвесности. (more…)
- Кредитипред 1 month
Брз онлајн кредит – за пролетно чистење сметки
- Анализипред 1 month
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 1 month
Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 3 weeks
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје