Connect with us

Банки

Огласи за вработување во Капитал банка АД Скопје – (Велес и Штип)

Објавено

на

Поради зголемен обем на работење и со цел да ангажирање на квалитетен професионалец кој ќе добие шанса, преку тимска работа, да напредува во својата банкарска кариера Капитал Банка АД Скопје распиша

К О Н К У Р С

за пополнување на две (2) отворени работни места во Велес и Штип.

Капитал банка АД Скопје има потреба од вработување на стручно лице за работно место Службеник за кредитирање во Велес и Штип.

Работниот однос е на определено време од 1 (еден) месец, со можност за продолжување.
Работно време од 8 до 16 часот од понеделник до петок.

Потребни квалификации:
-ВСС од областа на економија и економски науки,
-одлично познавање на основите на финансиско работење,
-одлично познавање на англиски јазик,
-одлично познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери,
-поседување на возачка дозвола Б категорија,

Опис на работни задачи:
-промоција и продажба на финансиски производи,
-проценка на кредитни барања и кредитна способност на клиентите,
-градење на квалитетни и долгорочни односи со клиентите

Кандидатот треба да поседува:
-самоиницијативност и способност за тимска работа,
-исклучителни комуникациски способности,
-позитивен пристап кон работата,

На избраните кандидати им се нудат привлечни финансиски услови, како и професионално, динамично работно опкружување со можност за изразување на сопствената креативност и професионалност.

Сите заинтересирани кандидати своја кратка биографија и мотивациско писмо да достават на следниов е-маил: jobs@capitalbank.com.mk, со назнака на работното место за кое конкурираат, најдоцна до 06.05.2018 година.

Огласот ќе биде активен 10 дена од датумот на објавување. Изборот на кандидатите ќе се врши во рок од 20 дена од истекувањето на огласот, во зависност од бројот на пријавените кандидати.

Ќе бидат контактирани само кандидатите со уредни и навремени апликации кои одговараат на условите наведени во огласот.

Банки

Комерцијална Банка вработува!

Објавено

на

Помлад соработник за платен промет во земјата и за работа со население, во Комерцијална банка АД Скопје-Филијала Штип, 2 (два) извршитела на определено работно време од 12 месеци, со можност за продолжување на Договорот за вработување.

Потребни квалификации и способности:

  • Завршен Економски факултет, со најмалку 180 кредити според ЕКТС или VII/1 степен,
  • Без работно искуство,
  • Познавање англиски јазик и работа со компјутери,
  • Комуникациски и организациски вештини, ориентираност кон клиенти, способност за тимска работа и професионално однесување.

Работно време: 40 часа неделно, организирано во две смени во рамки на работното време на Филијалата, од понеделник до петок од 08:00 до 17:00 часот  и во сабота од 08:00 до 13:00 часот.

Почетна основна нето-плата: 19.180,00 денари.

Огласот трае од 19.09.2018 година, заклучно со 28.09.2018 година. Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавени кандидати.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените критериуми треба да  пратат кратка биографија (CV), мотивациско писмо и копија од диплома за завршено високо образование, на следната адреса: Сектор за човечки ресурси и општи работи, Комерцијална банка АД Скопје, ул.Орце Николов бр.3, 1000 Скопје, или на e-mail адреса vrabotuvanje@kb.com.mk со назнака: „Oглас за вработување во Филијала Штип”

Лице за контакт: Меглена Димитрова, тел: 3-168-412

Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање, нема да бидат разгледувани.

На интервју ќе бидат повикани само апликантите кои ќе влезат во потесен круг.

Продолжи со читање

Банки

Огласи за вработување во Капитал Банка АД Скопје

Објавено

на

Капитал банка АД Скопје има потреба од вработување на 2 лицe на следниве работни позиции:

Оглас 1: Соработник во Сектор за Управување со Ризици – Кредитен Ризик (1 извршител)

Краток опис на работно место:

  •   Проценка на ризичен профил при одобрување на кредитна изложеност- физички лица и правни лица
  •   Изработка на извештаи за кредитната способност на клиентот во однос на бараниот кредитен производ (Risk opinion)
  •   Финансиска анализа на фирма и проценка на бонитет
  •   Анализа на кредитното портфолио по структура и квалитет
  •   Активно учество во кредитниот процес и соработка со продажба и underwriting
  •   Изработка на извештаи за следење на изложеност на кредитен ризик кон клиенти – правни лица (на ниво на поединечен клиент, група поврзани лица, на ниво на вкупно кредитно портфолио)
  •   Утврдување на ризичната класификација на клиентите во согласност со законската регулатива на НБРМ
  •   Останати работни обврски по налог на Раководителот на Службата и/или Управниот одбор. 

Оглас 2: Соработник за администрирање кредити и back office (1 извршител)

Краток опис на работно место:

  •   Активности поврзани со изготвување на договори за кредити
  •   Активности поврзани со пресметка на провизии по одобрени кредити и гаранции
  •   Активности поврзани со следење на доспеаност на побарувања
  •   Изготвување на прегледи и извештаи за потребите на службата и директен претпоставен
  •   Следење на прописите и упатствата од делокругот на работењето и преземање мерки за нивна правилна примена
  •   Учество во изработка на процедурите и упатствата за работа поврзана со администрирање на кредити
  •   Контола на автоматски изработените пресметки за камати, како и рачно пресметаните камати и нивно раскнижување

(more…)

Продолжи со читање

Банки

Охридска Банка вработува!

Објавено

на

Придружете се кон успешниот тим на професионалци, посветен кон издигнување на Охридска банка Сосиете Женерал во референтна банка во односите со клиентите.
Оваа цел може да се оствари само со вистинските луѓе и со вистинскиот тим – преку заедничка работа и градење на тимскиот дух. Тимскиот дух – нашата прва вредност значи многу повеќе отколку само заедничка работа. Значи формирање цврсти и трајни релации засновани на почитување и доверба. Професионализмот и иновацијата го дополнуваат тимскиот дух, а вредности кои ги цениме се и одговорноста и посветеноста кон остварување резултати. Доколку себеси се препознавате во овие вредности, Ве покануваме да станете дел од меѓународна групација со над 150-годишна историја која може да ви понуди работа во динамично опкружување со бројни можности за обуки и развој, на позицијата:

РЕФЕРЕНТ ЗА ОДНОСИ СО КОРПОРАТИВНИ КЛИЕНТИ

ГЛАВНИ ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ:
– Одлично познавање на производите на Банката и постоечките клиенти
– Промоција на актуелните производи на Банката
– Закажување состаноци со постојани и потенцијални клиенти
– Собирање на податоци за создавање и ажурирање на досието на клиентот
– Подготовка на понуди согласно палетата на продукти и услуги на Банката
– Познавање на Тарифата и правилата за каматната политика на Банката
– Подготвување на комерцијален предлог за клиентот
– Одржување постојани контакти со клиентите и следење на нивното задоволството од
користење на производите и услугите на банката
– Подготовка на извештаи
– Управување на различни видови на трансакции
– Водење на заостанати наплати

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
– Високо образование, со предност во областа на економија, финансии и банкарство;
– Претходно работно искуство од најмалку 1 години на иста или слична позиција;
– Развиени продажни вештини и техники;
– Одлично познавање на Aнглиски јазик;
– Одлично познавање на MS Office ;
– Тимски играч;
– Одговорна, прецизна, проактивна личност, ориентирана кон остварување резултати.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови потребно е да испратат Професионална биографија (CV), најдоцна до 26.09.2018 год. на: kariera@ob.com.mk со задолжителна назнака „Референт за односи со корпоративни клиенти – Струмица“.

Со испраќање на Вашата апликација давате согласност Вашите податоци да бидат задржани и користени од Банката во рок од една (1) година.

Напомена:
– Апликациите без назнака нема да бидат разгледувани.
Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани за интервју.

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250
[ccpw id="39761"]

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange