Connect with us

Банки

Огласи за вработување во Капитал Банка АД Скопје

Објавено

на

Капитал банка А.Д. Скопје има потреба од ангажирање на лица за позицијата „Банкарски службеник“ за филијали во следните локации:

  1. Битола
  2. Прилеп
  3. Кавадарци
  4. Куманово
  5. Охрид
  6. Гостивар
  7. Кичево
  8. Скопје – нас. Чаир

Одговорности и задачи:

  • Примање, анализа и обработка  на барањата од  клиенти – физички лица
  • Понуда и промоција на продуктите на банката на физички лица
  • Работа на благајна
  • Издавање, прием, обработка и архивирање на апликации и останати документи поврзани со готовински и безготовински трансфери
  • Администрирање и склучување на договори за денарски и девизни трансакциски сметки и штедни влогови
  • Продажба на производи и услуги на терен
  • Подготовка на каматни пресметки
  • Подготовка на извештаи
  • Аквизиција на нови клиенти за банката и одржување на континуирани контакти со постојаните
  • Анализа на финансиите и пазарот на физички лица
  • Анализа на кредитни апликации за физички лица
  • Други работи по налог на директниот претпоставен и/или Управниот одбор

Рок на избор 5 работни дена, односно до 28.05.2021 година.

Доколку сакате да ја креирате иднината на мала и динамична банка, доколку имате желба, знаење и ентузијазам да се приклучите на тимoт Капитал Банка, испратете ја Вашата биографија на следнава електронска адреса: jobs@capitalbank.com.mk

Задолжително да се наведе за која позиција се аплицира.

Вашето резиме ќе биде внесено во базата на податоци и во случај на потреба од соодветен кадар, Банката врз основа на тековните потреби ќе ве контактира.

Огласот ќе биде активен 5 дена од датумот на објавување. Изборот на кандидатите ќе се врши во рок од 10 дена од истекувањето на огласот, во зависност од бројот на пријавените кандидати. Ќе бидат контактирани само кандидатите со уредни и навремени апликации кои одговараат на условите наведени во огласот.

Банки

Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје

Објавено

на

УНИБанка АД Скопје објавува Оглас за вработување на следнава работна позиција: (more…)

Продолжи со читање

Банки

Оглас за вработување во ПроКредит Банка

Објавено

на

Ако се идентификувате со целите и етичките вредности на ПроКредит Банка и сте заинтересирани за нови предизвици во динамична меѓународна и мултикултурна средина (more…)

Продолжи со читање

Банки

Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје

Објавено

на

Одлична можност да се приклучите кон реномирана финансиска институција и да станете дел од професионалниот тим за внатрешна ревизија, кој преку своите независни, објективни, консултантски активности додава вредност во унапредувањето на банкарските операции и ги поддржува активностите на Управниот одбор и Одборот за ревизија на банката. (more…)

Продолжи со читање


Популарно