Connect with us

Останато

Овозможена опцијата за плаќање на рати со ИутеКредит на Grouper

Објавено

на

Плаќањето на рати при онлајн купување станува достапно на најголемиот сајт за онлајн продажба Grouper.mk преку финансиското друштво ИутеКредит. Опцијата за плаќање на рати ќе им дозволи на купувачите да ги искористат сите популарни зделки или да го купат својот омилен производ или услуга веднаш, а да ги плаќаат на повеќе рати.

Grouper веќе со години претставува една од најпосетуваните дестинации за онлајн купување, а корисничкото искуство сега е надополнето и со опцијата за онлајн кредит за купување на рати преку ИутеКредит Македонија. Сите производи со износи од 3 000 ден. до 120.000 денари може да се купат на овој начин и да се плаќаат до 24 рати во зависнот од износот и по избор на купувачот.

Самата процедура на апликација за кредитот е пред сé безбедна, брза и лесна. Купувачот може да аплицира на сајтот на Grouper додека ги разгледува и бира производите и услугите достапни во делот Shopping Mall, Зделки и Патувања или пак откога ќе ги стави саканите производи во кошничката. За аплицирање доволно е клиентот да поседува само лична карта. Со одобрување на кредитот, купените производи се доставуваат со купувачот, а тој почнува да ги плаќа месечните рати кон ИутеКредит од следниот месец.

Декември е одличен период да се искористи токму оваа услуга на одложено плаќање со која секој купувач ќе има можност без ограничување да се подготви за празничните денови кои доаѓаат, без разлика дали станува збор за купување на подароци за најблиските, апарати и мебел за домаќинството или пак организирање на релаксирачки викенд на планина. Со само неколку кликови саканите производи стануваат ваши, без воопшто да го напуштите вашиот дом.

Годината која изминува беше полна со предизвици, но и можност да се инвестира и да се развиваат нови решенија кои соодветно ќе одговорат на потребите на купувачите. Токму затоа, преку соработката помеѓу ИутеКредит и Grouper се разви ова решение кое овозможува брз, едноставен и безбеден процес на онлајн купување.

ИутеКредит иднината ја гледа во дигитализацијата и во постојано унапредување на корисничкото искуство, па оттаму и иницијативата да бидеме први на пазарот кои кредитирањето при онлајн купување го воведуваат како начин на плаќање. Веруваме дека пазарот на е-трговија во Македонија е подготвен да оди чекор понапред и да им понуди на купувачите поголем број поволности и опции за плаќање, а партнерството со најголемите онлајн продавници јасно го покажува тоа.

Останато

Пензионерите добиваат повисоки пензии за 6,8 проценти

Објавено

на

Со септемвриската пензија околу 330 илјади пензионери во државата добиваат повисоки пензии за 6,8 проценти, согласно новата методологија воведена со последните измени во Законот за пензиското и инвалидското осигурување, кои стапија на сила во март 2022 година. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Годишната стапка на инфлација во Белгија 11,27 проценти, највисоко ниво во последните 50 години

Објавено

на

Годишната стапка на инфлација во Белгија се искачи на 11,27 проценти во септември, што е највисоко ниво во последните 50 години, покажуваат официјалните податоци. (more…)

Продолжи со читање

Останато

МФ: Владата обезбеди 250 милиони евра со поволни услови преку германски хартии од вредност

Објавено

на

Владата донесе одлука за издавање хартии од вредност на германскиот пазар, обврзница позната како „Namensschuldverschreibungen”, односно NSV, во износ од 250 милиони евра. Како што соопшти Министерството за финансии (МФ), средствата ќе се искористат за отплата на стари долгови кои доспеваат и за финансирање на буџетски потреби. (more…)

Продолжи со читање

Популарно