Connect with us

Останато

Ова се трите најголеми инвестиции на Ворен Бафет во 2020 година

Објавено

на

Кога станува збор за успешни инвеститори, Ворен Бафет, извршен директор на „Berkshire Hathaway”, е секако класа за себе. Овој Американец е рангиран како седмиот најбогат човек во светот со богатство од над 78 милијарди долари не сметајќи десетици милијарди што ги донирал за добротворни цели во последните 15 години.

Бафет продаде многу акции во текот на 2020 година. Но, поради хаосот и неизвесноста поради пандемијата на корона вирусот, тој направи и три големи купувања во кои тој и неговиот тим инвестираа помеѓу 563 милиони и 6,8 милијарди долари.

Bank of America

Со оглед на тоа што омилената инвестициска индустрија на Бафет е банкарството, можеби е мало изненадувањето што тој инвестираше во „Bank of America” во последните неколку недели.

Откако во април доби одобрение од Федералните резерви да ја зголеми сопственоста на „Berkshire Hathaway” во „Bank of America” над вообичаениот лимит од 10 проценти за инвестициските компании, Бафет го зголеми својот удел на вкупно 12 проценти од акциите на банката. Вкупно, околу 2,1 милијарди американски долари се инвестирани во акциите на „Bank of America” во последните неколку недели.

Barrick Gold Corporation

Вредноста на канадската компанија за преработка на злато „Barrick Gold Corporation” се зголеми за повеќе од 10 проценти, откако „Berkshire Hathaway” објави дека купил удел во таа компанија.

„Berkshire Hathaway” во последниот квартал купил 21 милиони акции на компанијата за преработка на злато и бакар, во вредност од околу 564 милиони долари.

Купувањето доаѓа како мало изненадување, бидејќи Бафет во минатото беше критичар на златото. Тој зборуваше дека е подобро да се инвестира во компании, фарми и недвижнини.

Инвестициите во злато привлекоа многу нови купувачи кои сакаат да заштитат барем дел од нивните средства од инфлацијата што ја очекуваат заради „дивото“ печатење на пари од централните банки.

Berkshire Hathaway

Според кварталните извештаи на компанијата, „Berkshire Hathaway” ги купи своите акции во вредност од 6,8 милијарди долари во првиот и вториот квартал, што е повеќе отколку што Бафет го потроши оваа година за купување акции.

Криптовалути

ММФ бара укинување на биткоинот како законско средство за плаќање во Ел Салвадор

Објавено

на

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) го повика ЕЛ Салвадор да ја поништи одлуката биткоинот да стане легално сретство за плаќање. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Во среда (26 јануари) започнува исплатата на јануарските пензии

Објавено

на

Владата на четвртата седница ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за јануари 2022 година и го задолжи Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 25 јануари 2022 година. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Централната банка на Русија со предлог целосно да се забрани издавање и употреба на криптовалути

Објавено

на

Централната банка на Русија предложи целосна забрана за издавање, „рударење“ и тргување со криптовалути во Русија, пренесува руски „Комерсант“. (more…)

Продолжи со читање

Популарно