Connect with us

Анализи

Ова се најпрофитабилните акции во последните 20 години

Објавено

на

Цените на берзата растат и паѓаат секој ден, но најдобрите компании им носат вредност на своите акционери на долг рок.

Пред крајот сме и на оваа 2019 година, па во прилог анализа за 10-те најпрофитабилни акции од последните 20 години. Некои од наведените компании ќе ве изненадат, а исто така ќе се изненадите што некои од најголемите гиганти што ги слушате секојдневно не се на листата.

Business Insider направи листа со топ 10 акции со најголем принос. Yahoo Finance објави податок за секоја компанија од листата од 31 декември 1999 година или од денот кога излегле на берзата.

Процент на принос (%) на 100 инвестиции

1. Monster Beverage: 62,444%
2. Netflix: 23.071%
3. Equinix: 12.050%
4. Tractor Supply Company: 10.171%
5. Intuitive Surgical: 9.155%
6. Ansys: 7.856%
7. Apple: 7,416%
8. IDEXX Laboratories: 6,822%
9. Mastercard: 6.279%
10. Ross Stores: 6.003%

Monster Beverage, творецот на добро познатиот енергетски пијалок, го зазема првото место. Почетната инвестиција од само 100 американски долари на 31 декември 1999 година, денес вреди неверојатни 62.444 долари. Тоа е значително најприносна акција од која било друга компанија во топ 10, вклучувајќи ги и технолошките гиганти Netflix (23.071 долари) и Apple (7.416 долари). Инвестирајќи во акции на Equinix и Tractor Supply Company, тие би добиле повеќе од 10,000% во последните 20 години, прилично импресивно достигнување, но ниту приближно до перформансите на Monster.

Вреди да се спомене и разновидноста на компаниите присутни во топ 10 листата. Не постои ниту еден сектор кој доминира. Monster е компанија за енергетски пијалоци, Netflix е услуга за стриминг сервис, а Equinix обезбедува услуги за пренос на податоци. Преостанатите компании којсе наоѓаат на листата се компании за медицински материјали, финансиски услуги и малопродажба. Ова е уште еден доказ повеќе дека не треба да го инвестирате целото портфолио во само една индустрија.

Неколку компании недостасуваат од овој список. Каде се Facebook, Amazon и Google? Изненадени сте што на оваа листа ги нема гигантите како Walmart, ЕXon или Berkshire Hathaway?

Некои компании воопшто не постоеле на почетокот на 21от век, така што приносот не може да се смета и како „најпрофитабилен во овој век“ како и што е направена анализата. Исто така, методологијата јасно ги фаворизира компаниите кои започнаа со ниска цена на акциите и завршија со огромен раст.

Анализи

Жените се уште значително помалку платени од мажите за иста работа

Објавено

на

Надлежните институции во соработка со приватниот сектор и синдикатите да развијат ефикасен механизам кој ќе придонесе за изедначување на платите на мажите и жените кои во овој момент за иста вредност во работата се за 23% пониски. Ова беше истакнато денес од Сојузот на стопански комори, Здружението на бизнис жени и Сојузот на синдикати на Македонија, по повод одбележувањето на првиот Меѓународен ден за родова еднаквост на платите – 18 септември. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

ЕБОР и НЛБ Банка со здружени сили за поддршка на корпоративниот сектор и населението

Објавено

на

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и НЛБ Банка АД Скопје потпишаа договор за финансиски пакет од 8 милиони ЕУР за поддршка на македонските претпријатија. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

„Finance Think”: По 14.934 денари по вработен за компании најпогодени од Ковид кризата

Објавено

на

Институтот за економски истражувања и политики „Finance Think” предлага враќање на мерката 14.500 денари по вработен за дејностите кои биле најсилно погодени од кризата предизвикана од пандемијата со Ковид -19. (more…)

Продолжи со читање

Популарно