Connect with us

Криптовалути

Биткоин милионери – Вложиле минимално, а денес живеат во луксуз

Објавено

на

Криптовалутите и ден денес за многумина се измама и сеуште не веруваат во нивната моќ. Но, крипто треската зема се поголем замав од ден на ден. И додека некој сеуште не веруваат во криптовалутите и уште мислам дека тоа е голема измама, други веќе се збогатија и веќе живеат луксузен живот.

Во продолжение ви прикажуваме неколку поединци кои со вложување во криптовалути станаа милионери.

Даниел Колоси

Поранешниот градежен работник Даниел Колоси минатата година инвестирал 5.000 долари во биткоини заедно со еден пријател. Вредноста на неговите пари досега достигна 200.000 долари за само неколку месеци и се проценува дека овој начин на водење бизнис ќе го направи милионер најдоцна до 2019 година.

Очекувано, дел од парите кои ги заработил од криптовалутите ги потрошил на патување, како и на скап автомобил. Во иднина тој планира да се пресели во Тајланд, каде ќе ужива во трошење на парите заработени од криптовалути.

Ерик Финман

Ерик Финман во 2011 година инвестирал 1.000 долари кои ги добил од неговата баба за дванаесеттиот роденден. Според вредноста на криптовалутите во моментов, тој поседува 4 милиони долари.

Финман се договорил со своите родителите, дека ако стане милионер до 18 години да не оди на факултет. Тој се збогатил толку брзо што на родителите не им преостанало ништо друго, туку да му дозволат да го напушти и средното училиште.

Еди Зилан

Еди Зилан одлучил својата заштеда од 12.000 долари да ја вложи во криптовалути. Три години подоцна, на својата сметка тој има милион долари.

Откако заработил одлична сума, решил да ја отвори компанијата “Cryptocurrency Financial”, специјализирана за советување во врска со криптовалутите.

Тајлер и Камерон Винклвос

Можеби веќе ви се познати браќата Тајлер и Камерон Винклвос. Тие своевремено го тужеа и Марк Цукерберг поради наводно крадење на идејата за Фејсбук. Бидејќи тоа им пропадна, тие беа едни од првите луѓе кои вложуваа во криптовалути. Со оглед на вредноста на биткоинот, близнаците станаа први биткоин милионери во светот.

Криптовалути

Специјална истрага се води против пирамидалната измама OneCoin

Објавено

на

OneCoin беше една првите криптовалути која стана хит на Балканот пред нешто повеќе од две години кога многу корисници, вклучувајќи и македонски граѓани решија да вложат пари со суми од 50 евра па нагоре. Сепак, долгите години на чекање за официјализирање на оваа дигитална валута ги крена алармите на истражните органи. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Најголемата руска банка ќе тргува со криптовалути надвор од Русија

Објавено

на

Најголемата руска Банка Sberbank планира да почне со тргување со криптовалути надвор од Русија бидејќи таму тоа не е дозволено. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Цената на криптовалутите драстично се намалува

Објавено

на

Цената на криптовалутите бележи сериозен пад во последните 24 часа, со што е продолжен минатонеделниот пад. Во текот на последните 24 часа од пазарната капитализација на сите криптовалути беа избришани над 60 милијарди долари според пресметките на „CNBC“. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange