Connect with us

Странски банки

Ова е најдобрата банка во централна и источна Европа според Глобал Фајнанс

Објавено

на

Во рамки на доделување на наградите за најдобри светски банки за 2018 година, Глобал Фајнанс ја прогласи Raiffeisen Bank International AG (RBI) за „Најдобра банка во централна и источна Европа“. Реномираниот финансиски магазин престижната награда на оваа банка и ја доделува веќе 12-ти пат во последните 15 години.

„Титулата ‘Најдобра банка во централна и источна Европа’ претставува чест, но и обврска и понатаму да настојуваме да остваруваме квалитет и да нудиме првокласни услуги и производи во регионот“, изјави претседателот на Управата на RBI Јохан Штробл„Таа награда воедно е резултат на нашата добра стратешка позиција и успешност.“

Комплетниот извештај околу изборот ќе биде објавен во мајското издание на магазинот Глобал Фајнанс, заедно со имињата на победниците во речиси 150 земји од Африка, Азија, Блискиот Исток, Латинска Америка, Северна Америка, потоа средна, источна и западна Европа.

Странски банки

ЕБОР ја презентираше програмата за финансирање на енергетска ефикасност во домаќинствата во Македонија

Објавено

на

Денес, во хотелот Александар Палас се одржа настан на кој Европската банка за поддршка на развојот (ЕБОР) ја презентираше програмата за финансирање на енергетска ефикасност во домаќинствата во Македонија. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

По грешка на трансакциска сметка му префрлиле 28 милијарди евра!

Објавено

на

Германскиот банкарски гигант Deutsche Bank призна дека во петокот при рутинска трансакцијата, по грешка изврши трансфер на сметката на клириншката куќа „Еурекс“ на износ од 28 милијарди евра, износ поголем и од нејзината моментална пазарна вредност, која изнесува 24 милијарди евра. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

НЛБ Групацијата со рекорден профит од 225,1 милиони евра

Објавено

на

НЛБ Групацијата оствари добивка во износ од 225,1 милиони евра за 2017 година односно повеќе од двојно повисока во споредба со 2016 година. Ова претставува рекорден профит во историјата на НЛБ Групацијата. За овие одлични резултати се заслужни сите банки – членки на НЛБ, вклучувајќи ја и македонската НЛБ Банка, која за претходната 2017 година оствари профит од 35 милиони евра. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange