Connect with us

Домашни банки

Оваа пролет искористете ги кредитните поволности на НЛБ Банка

Објавено

на

Од 1 март НЛБ Банка започна промотивна кампања за сите кредити за физички лица, За време на промотивниот период кој ќе трае до 31 мај, Банката ќе овозможи голем број на поволности кои ќе ги охрабрат корисниците да ги остварат своите желби и да зачекорат во нова животна приказна.

Имено, корисниците кои ќе аплицираат за потрошувачки, станбен или хипотекарен кредит во период од 1.03.2023г. до 31.05.2023г. ќе бидат ослободени од трошоците за одобрување и трошоците за проценка за кредитите со обезбедување хипотека на недвижен имот.

Доколку оваа прoлет се одлучите да започнете нова приказна и го изберете станбениот кредит на НЛБ Банка ќе го отплаќате со фиксна каматна стапка до 10 години. Како дополнителна поволност за станбените кредити е можноста за користење на бескаматен кредит за опремување на домот во соработка со Нептун Македонија, како и широка понуда на градежни компании со поповолни услови за кредитирање и одобрување на кредитот без нотарски трошоци.

Што се однесува до НЛБ Потрошувачките кредити, постапката за одобрување е брза и едноставна. Тие се одобруваат само со лична карта, без дополнителна документација. Кредитот се одобрува со една посета на експозитура или пак со само неколку клика на апликацијата за мобилно банкарство, доколку клиентите го изберат целосно автоматизираниот мобилен кредит кој е во износ до 10.000 евра.

Повеќе детали за сите кредитни продукти и промотивни понуди на НЛБ Банка клиентите можат да добијат на веб-страницата на Банката www.nlb.mk или преку контакт-центарот, на телефонскиот број: 02/15 600.

Домашни банки

Благодарница до Комерцијална банка за донацијата на 6.000.000 денари за настраданите од земјотресите во Турција и Сирија

Објавено

на

Солидарноста и хуманоста во Комерцијална банка не познаваат граници, особено кога сме сведоци на трагедии од големи размери, какви што беа земјотресите што ги погодија Турција и Сирија. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

2,2 милиони успешни трансакции во 2022 година со е-commerce од Комерцијална банка

Објавено

на

Е-продавницата стана задолжителна алка во синџирот кој продуцира успешни бизниси во денешното дигитално време. Пред и по Covid-пандемијата веќе ништо не е исто и затоа онлајн продажбата освојува сѐ повеќе купувачи. Токму затоа и Комерцијална банка е особено горда на својот придонес за развојот на е-трговијата во земјава. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка генерален покровител на престижната награда „Роман на годината“ и за 2022

Објавено

на

Празникот на македонското литературно творештво, манифестацијата „Роман на годината“, секоја година е повод за нова гордост и нов подвиг на целокупната културна дејност во земјава. Токму затоа Комерцијална банка е особено горда што шеста година по ред е генерален покровител на престижната награда „Роман на годината“, која годинава ќе му се додели на романот „Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“ од академик Влада Урошевиќ, во издание на „Арс Либрис“. (more…)

Продолжи со читање

Популарно