Connect with us

Останато

Оваа недела (12 март ‒ 18 март) се одбележува Глобалната недела на парите

Објавено

на

Координациското тело на регулаторните институции за финансиска едукација во Македонија, коешто го сочинуваат Народната банка на Република Македонија, Министерството за финансии, Агенцијата за супервизија на осигурувањето, МАПАС и Комисијата за хартии од вредност, во соработка со Бирото за развој на образованието и Сојузот на микрофинансиски организации, оваа недела ја одбележуваат Глобалната недела на парите (12 март ‒ 18 март). Одбележувањето ќе продолжи во текот на целиот месец март.

За време на Глобалната недела на парите ќе се организираат посети од страна на повеќе основни и средни училишта од Скопје и од останатите градови, како и од руралните средини во просториите на петте регулатори (Народната банка, Министерството за финансии, Агенцијата за супервизија на осигурувањето, МАПАС и Комисијата за хартии од вредност).

Веќе шест години по ред се организираат активности од овој вид, а целта е да се подигне нивото на финансиска писменост кај младото население на Република Македонија. За време на посетите се изведуваат едукативни предавања на теми од областите на институциите што ги покриваат, односно од областите на парите, штедењето, тргувањето, банкарскиот сектор, инвестирањето, осигурувањето, пензискиот сектор и други теми поврзани со функционирањето на финансиските системи.

Глобалната недела на парите, во организација на Меѓународната организација за финансиска едукација на деца и млади (Child and Youth Finance International), се одржува на светско ниво уште од 2012 година, во чиишто рамки досега се одржале преку 73.000 активности во кои се вклучени над 8 милиони деца и млади во повеќе од 137 земји и повеќе од 24.000 организации и институции. Оваа глобална иницијатива ја подигнува свеста кај младите преку учење за тоа како функционираат парите, вклучувајќи го штедењето, вработувањето и претприемаштвото. Секоја година, младите луѓе разговараат, читаат и учат за економските и за финансиските системи преку најразлични активности што ги спроведуваат државните институции.

Целта на Меѓународната организација за финансиска едукација на деца и млади е да ги поттикне младите да инвестираат во својата иднина, истакнувајќи ја важноста на раната финансиска едукација, со што ќе им помогне да станат свесни за своите финансиски права, ќе им ја олесни пристапноста до финансиските услуги и ќе ги развие нивните финансиски вештини. Темата за оваа година на Глобалната недела на парите е „Парите имаат значење”, со намера младите луѓе да научат мудро да управуваат со парите што ги поседуваат и да штедат за својата иднина.

Повеќе информации за Глобалната недела на парите на врската: http://globalmoneyweek.org/.

Останато

Во Солун Самит за перспективата и соработката на Западен Балкан

Објавено

на

Во организација на Федерацијата на индустрии од Северна Грција, денес и утре во Солун ќе се одржи третиот „Thessaloniki summit“, кој оваа година е под наслов „Европската перспектива, поврзаноста, индустрискиот развој и соработката на Западен Балкан“. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Пад на вредноста на фунатата и акциите на Лондонската берза по серија оставки во Британската Влада

Објавено

на

Вредноста на фунтата утрово на Лондонската берза е намалена за повеќе од 1,0% во однос на доларот и еврото, а цените на акциите се намалуваат по информациите за оставки на британски министри поради нацрт-договорот за Брегзит. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Легард: Централните Банки треба да размислат за издавање дигитални валути

Објавено

на

Шефицата на Меѓународниот монетарен фонд, Кристин Лагард, рече дека централните банки ширум светот треба да размислат за издавање дигитална валута. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange