Connect with us

НБРМ

Оваа недела ќе се одржи 43. сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка

Објавено

на

На 30 јуни 2022 година (четврток), со почеток во 14 часот, преку видеоконференциска врска ќе се одржи 43. сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка. На сесијата ќе биде презентиран трудот: „Проценка на дистрибуцијата на доход во Северна Македонија: Пристап базиран на претходно недостапни даночни податоци“ од Димитар Фуна, кој е добитник на Годишната награда на Народната банка. По презентaцијата на трудот, предвидена e  дискусија.

Народната банка објави повик до сите истражувачи коишто се заинтересирани да учествуваат на сесијата на Клубот да се пријават на е-адресата: info@nbrm.mk, најдоцна до 29 јуни 2022 година (среда).

Клубот на истражувачите на Народната банка е отворена платформа за презентација и дискусија на научно-истражувачки трудови, особено од областа на монетарната политика и макроекономијата. Трудовите коишто се презентираат на сесиите на Клубот, треба да бидат изработени согласно со стандардите и трендовите на современото истражување, односно емпириска анализа и систематизирани заклучоци од истражувањето. На сесиите на Клубот може да се презентираат резултати и сознанија и од истражување/труд, кое е се уште во работна верзија. Зачленувањето во Клубот на истражувачите е од отворен карактер.

НБРМ

Давидовска-Стојанова: Зголемувањето на каматните стапки од страна на централните банки ќе делува на ублажување на ценовниот раст

Објавено

на

Зголемувањето на каматните стапки од страна на голем дел од централните банки ширум светот ќе делува на ублажување на ценовниот раст и спречување очекувања за раст на инфлацијата. Меѓународните институции очекуваат стабилизирање во следниот период, а потоа и намалување на цените на примарните производи, што ќе делува смирувачки и на глобалните и на домашните притисоци. Народната банка исто така реагираше кај основната камата, а донесе и низа мерки за зголемување на денаризацијата и поттикнување на штедењето во домашна валута, посочува во интервјуто за „Пари.мк” директорката на Дирекцијата за монетарна политика и истражување при Народната банка, Билјана Давидовска-Стојанова. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Народната банка го објави Поимникот на термини од областа на банкарското и централнобанкарското работење

Објавено

на

Во рамки на активностите за финансиска едукација, Народната банка изработи Поимник на термини од областа на банкарското и централнобанкарското работење. Со Поимникот е објаснето значењето на околу стотина стручни термини, на едноставен јазик, разбирлив за широката јавност. Поимникот, е достапен на следнава врска: https://www.nbrm.mk/poimnik.nspx (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Народната банка ја задржа основната каматна стапка непроменета, на нивото од 2,50%

Објавено

на

На 9 август  2022 година се одржа редовната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка. На седницата беа разгледани најновите податоци и информации за домашната и за глобалната економија и најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари. (more…)

Продолжи со читање


Популарно