Connect with us

Кредити

Објавен јавниот повик за проектот „Купи куќа, купи стан”

Објавено

на

Граѓаните од денеска ќе можат да аплицираат за субвенција за станбен кредит од државата преку проектот „Купи куќа, купи стан”, информират од Министерството за финанси. Граѓаните преку јавниот повик кој е објавен ќе можат да поднесат барање, заклучно со 31 август 2022 година, за државна субвенција на учеството или на месечната рата за купување на нов стан или изградба/купување на нова куќа.

Од министерството појаснуваат дека субвенцијата се одобрува за станбен кредит до 50.000 евра, чиј рок на отплата не е пократок од 20 години и истата може да достигне и до 20.000 евра, согласно избраниот модел на субвенционирање и висината на кредитот. Согласно избраниот модел субвенционираниот период може да биде и до 11 години.

Граѓаните можат да аплицираат за 6 различни модели коишто нудат различни поволности согласно тоа дали сакаат да аплицираат за субвенционирање месечна рата на кредитот или за учество, во зависност од тоа дали аплицираат за купување стан или куќа и во зависност од возраста. Повеќе за моделите може да се види во прирачникот објавен на веб-страницата на Министерството за финансии.

Каматната стапка согласно утврдените критериуми изнесува 2,9% во првите 3 години и 3,9% во четвртата и петтата година од отплатата на кредитот при изборот на варијантата за субвенција на месечната рата, додека кај моделот субвенционирање на учеството каматната стапка изнесува 4 проценти за цело времетраење на отплатата плус 6-месечен Eурибор.

„Согласно утврдените услови и кретируми корисници на субвенциониран кредит може да бидат лица кои не се или се во брачна заедница, при тоа да не поседуваат стан или куќа на свое име или на име на брачниот другар, месечните приходи се дефинирани на максимален износ од 900 евра за оние кои не се во брак и 1.300 евра за брачен пар. Продажната цена на станот што се купува со субвенционираниот кредит не треба да надминува 900 евра за метар квадратен и површина до 150 метри квадратни”, информираат од Министерството за финанси.

Заинтересираните граѓани може да поднесат барање за субвенциониран станбен кредит во комерцијалните банки во земјава преку кои се спроведува проектот, односно НЛБ банка, Стопанска банка – Скопје, Шпаркасе банка, Стопанска банка – Битола, Силк Роуд банка, ТТК банка и Прокредит банка.

Преку проектот „Купи куќа, купи стан”, кој се реализира 10 години, досега се одобрени над 2000 барања, при што износот на одобрените кредити е над 73 милиони евра, а одобрените субвенции над 18 милиони евра.

Кредити

НЛБ Банка со нова промотивна кампања за кредитите за физички лица

Објавено

на

Од денеска, први септември, НЛБ Банка започнува нова промотивната кампања за кредити наменети за физички лица. Следејќи ги потребите и барањата на клиентите, во рамките на кампањата овозможени се низа поволности за сите оние кои во периодот од 1 септември до 31 октомври 2022 година ќе аплицираат за некој од кредитните продукти на Банката. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

НЛБ Банка со нова кредитна линија за стимулирање и развој на домашните компании

Објавено

на

НЛБ Банка Скопје во соработка со Развојната Банка на Република Северна Македонија (РБСМ) воведува нов кредитeн продукт за правни лица со субвенционирана каматна стапка. Станува збор за кредитен продукт на износ до 30.000.000 денари, со субвенционирана фиксна годишна каматна стапка до 4% и рок на отплата до 12 месеци. За него ќе можат да аплицираат домашните компании кои оствариле добивка во 2021 и се одлучиле истата да ја реинвестираат. (more…)

Продолжи со читање

Кредити

Нова кредитна линија од Комерцијална банка за обртни средства за вашиот бизнис

Објавено

на

На вашиот бизнис му требаат обртни средства? Комерцијална банка ви нуди кредит до 30.000.000 денари со субвенционирана камата преку Програма на Развојната банка на Северна Македонија, наменета за компании кои ја реинвестираат добивката од 2021 година. (more…)

Продолжи со читање

Популарно