Connect with us

Останато

Објавен јавен повик за програмата „Млади менаџери и бизнис лидери“

Објавено

на

Под покровителство на Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, а во соработка со Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија во претстојниот период ќе се реализира програмата „Млади менаџери и бизнис-лидери”.

Програмата предвидува 15 млади и амбициозни луѓе од Северна Македонија, преку низа на значајни обуки спроведени во неколку компании-членки на Советот на странски инвеститори, да стекнат конкурентни вештини и знаења што ќе ги одведат во нови професионални предизвици.

Целта е да се овозможи градење вештини кај идните млади менаџери и бизнис-лидери со трансфер на знаења овозможен преку соработката на Претседателот и Советот на странски инвеститори, да се откријат потенцијални таленти и да им се овозможи на компаниите кои ќе учествуваат во рамките на Проектот подобро да  разберат што ги мотивира младите и да се воспостави мрежа на идни бизнис-лидери и менаџери.

Програмата „Млади менаџери и бизнис-лидери” е предвидено да се реализира во периодот од декември годинава до февруари 2021 година. Право на учество во програмата имаат студенти коишто се во последната година од нивните додипломски студии, дипломирани студенти, студенти на магистерски и докторски студии на универзитети/факултети по економија, право, човечки ресурси, менаџмент, јавна администрација, бизнис или научна област со која се занимаваат компаниите, вклучени во оваа програма. Старосната граница е до 29 години.

Повеќе информации за учество во програмата се содржани во Јавниот повик објавен на веб-страницата на Претседателот и на www.fic.mk.

Останато

Извозот во првите шест месеци зголемен за 20,2%, а увозот за 28,7 проценти

Објавено

на

Вкупната вредност на извозот од земјава во периодот јануари – јуни 2022 година изнесува 4.097.486.000 евра и бележи раст од 20,2 проценти во однос на истиот период лани, додека вредноста на увезената стока е 5.974.699.000 евра што е зголемување за 28,7 проценти, соопшти Државниот завод за статистика. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

(ВИДЕО) Спојувањето на етериум може да ја поттикне цената на биткоинот нагоре!?

Објавено

на

Популарниот крипто-аналитичар Бенџамин Кауен анализира како етериум може да ја поттикне цената на најпознатата криптовалута биткоинот нагоре. (more…)

Продолжи со читање

Останато

СИСТЕМОТ КОНЕЧНО АЖУРИРАН – Корисниците на МојДДВ може да се вратат на напредниот скенер за скенирање на фискални сметки

Објавено

на

Управата за јавни приходи, ги информира корисниците на апликацијата МојДДВ, дека може да се вратат на напредниот скенер за скенирање на фискални сметки. (more…)

Продолжи со читање


Популарно