Анализи
Објавен Макроекономскиот монитор на Фајнанс тинк за четвртиот квартал минатата година


Во четвртиот квартал од 2020 година, БДП се намали за -0,7 проценти, што е во линија со иницијалната проекција од „Finance Think” од -0,8%. Во овој квартал, продолжи растот на јавната потрошувачка (6,6%) како резултат на државната помош за намалување на социо-економските последици од корона-кризата, но со помал интензитет од претходно, се порачува во Макроекономскиот монитор Q4 2020 што го објави „Finance Think”.
„Извозот забележа стабилизација (раст од 1,3 проценти), додека домаќинствата и натаму се воздржуваа од позначајна лична потрошувачка (пад од -4,3%). Инвестициската активност остана значајно потисната (пад од -13%). На производната страна, повеќе од секторите забележуваат консолидација во Q4-2020, особено преработувачката индустрија, трговијата и транспортот, кои беа меѓу најпогодените од кризата. Вкупно, во 2020, БДП се намали за -4,5%, што е нешто подобро остварување од нашата проекција од -4,8%”, се вели во Макроекономскиот монитор Q4 2020.
Невработеноста во четвртиот квартал од 2020 година, се додава, понатамошно благо се намали, на 16,1 проценти од претходните 16,5 проценти, додека, за разлика од претходните квартали, вработеноста забележа благо зголемување, од 46,6 на 46,8 проценти.
„Оттука, пасивизацијата на активното население која се интензивираше во претходните два квартала е сопрена, но нема позначајни знаци на реактивирање. Во четвртиот квартал, преработувачката индустрија, трговијата и транспортот креирале работни места, што е во линија со нивната консолидација, додека критичен сектор погоден од кризата останува хотелиерството и услугите со храна – сектор кој во Q4-2020 изгубил близу 4.700 работни места, што е најголема секторска загуба на квартална основа”, се вели во Макроекономскиот монитор Q4 2020.
Се нагласува дека економијата се соочува со понатамошна неизвесност во првиот квартал од 2021 година, со значаен ризик таа да продолжи и да се продлабочи под влијание на варијабилните информации сврзани со интензивирањето на вакцинирањето.
„Под претпоставка дека економските текови ќе може да се нормализираат до разумен степен до почетокот на есента 2021, проекцијата за растот на БДП во 2021 изнесува 4,1 проценти”, посочуваат од „Finance Think”.
Анализи
Македонските банки со најуспешни резултати на ниво на цел регион


Повеќе од успешни се резултатите од работењето на банките во земјава минатата година, како во однос на добивката, така и во однос на обемот на работа, стабилноста и одговорноста кон новонастанатата состојба. Споредбата на финансиските резултати на банките од Република Северна Македонија, Србија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина и од Хрватска покажува дека македонските банки се одлично капитализирани и финансиски успешни. (more…)
Анализи
Експертите советуваат: Не ги повлекувајте заштедите од банките бидејќи банкарскиот систем е стабилен, а штедните влогови се безбедни!


Македонскиот банкарски систем е стабилен и сигурен и укинувањето на дозволата на една мала банка не ја доведува во прашање стабилноста на системот, беа уверувањата од Народната банка и од Македонската банкарска асоцијација по укинувањето на дозволата за основање и работење на Еуростандард банка АД Скопје. Укинувањето на дозволата се должи на неисполнување на минималните законски услови за работење на банка. (more…)
Анализи
Финансиските друштва и под предизвикувачки услови дадоа поддршка во надминување на ефектите предизвикани од Ковид – кризата, продолжуваат со отвореност за развој на финтек индустријата


Според статистиката на Народната банка на Северна Македонија, во рамките на финансискиот систем на Северна Македонија, вкупните средства на останатите (небанкарски) финансиски институции во 2020 година бележат годишен раст од 12,8%. (more…)
- Анализипред 1 week
Експертите советуваат: Не ги повлекувајте заштедите од банките бидејќи банкарскиот систем е стабилен, а штедните влогови се безбедни!
- Анализипред 1 month
Која е најмоќната и најбогата македонска банка!?
- Домашни банкипред 1 week
На шпекулациите дека “пропаѓа”, Стопанска банка АД – Скопје одговори со профит од 9,2 милиони евра за три месеци
- Анализипред 2 months
8 МАРТ АНАЛИЗА: Колку се застапени жените во Управните одбори на банките во Македонија?
- Банкипред 2 months
Огласи за вработување во Народната банка на Република Северна Македонија
- Кредитипред 3 weeks
Онлајн кредити до 50.000 денари
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Интервјуапред 2 weeks
Интервју со ИГОР ДАВКОВ, Извршен директор на Скопје Ист Гејт и неговиот тим: Креираме вредност за закупците и посетителите