НБРМ
Објавени резултатите од анкетата на ОЕЦД-ИНФЕ за мерење на нивото на финансиската писменост на возрасното население во Југоисточна Европа

Во рамките на Регионалниот проект за техничка помош за финансиска едукација (2018-2022) од страна на ИНФЕ-ОЕЦД, согласно со програмата на Конституенцата на Министерството за финансии на Холандија, во втората половина на 2019 година во седум земји од регионот, вклучително и во нашата земја, се спроведе анкета за мерење на нивото на финансиската писменост на возрасното население.
Резултатите од мерењето се вградени во Извештајот „Финансиската писменост на возрасните во Југоисточна Европа“. Мерењето покажа дека возрасното население од Југоисточна Европа постигна околу 57% од можниот максимум, што е пониско од постигнатите резултати на земјите од ЕУ и ОЕЦД, добиени преку истата методологија од истражувањата, од 64% и 65%, соодветно. Врз основа на резултатите од спроведеното мерење ќе бидат дадени предлог-активности, политики и мерки за подобрување на финансиската писменост и политиката за заштита на корисниците на финансиски услуги во следниот период.
Значајно е да се истакне дека оваа публикација ги опфаќа резултатите од второто мерење на нивото на финансиска писменост кај возрасното население во Северна Македонија. Првото мерење беше извршено во првиот квартал на 2018 година. Добиените резултати од двете мерења се споредливи, со оглед на тоа што во двете анкети е употребена иста методологија. Со оглед на тоа дека станува збор за релативно краток временски период во којшто се спроведени двете мерења, агрегатниот резултат е ист. Имено, населението во Северна Македонија и во 2018 и во 2019 година оствари 56% од максимумот, или агрегатен показател 11,8 (од кои 3,9 за финансиските знаења, 5,1 за финансиското однесување и 2,8 за финансиските ставови). Во споредба со структурата на показателот во 2018 година, има само мали поместувања (во 2018 година кај финансиските знаења е 4, за финансиското однесување е 5 и исто ниво од 2,8 е за финансиските ставови). Резултатите од првата, како и од втората анкета укажуваат на тоа дека е потребна поголема информираност и едукација на населението за употребата на различните современи банкарски и други финансиски производи и услуги.
Петгодишниот проект предвидува мерење и процена на сегашното ниво на финансиска писменост на населението и утврдување на приоритетите и целните групи кај земјите коишто се дел од Проектот: Бугарија, Грузија, Молдавија, Романија, Северна Македонија, Хрватска и Црна Гора; Создавање, спроведување и евалуација на Национална стратегија за финансиска едукација; и Развивање и спроведување различни активности за промовирање на финансиската писменост. Во нашата земја тековно се работи на подготовка на Националната стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија.
Целосниот Извештај за „Финансиската писменост на возрасните во Југоисточна Европа“ можете да го погледнете на линкот.
НБРМ
Ангеловска-Бежоска на конференција на ММФ и ХНБ: Структурни реформи и пристап до меѓународно финансирање за поддршка на растот на регионот

Според последниот извештај на Светскиот економски форум, ризикот од фрагментација на глобалната економија (деглобализација) е еден од трите најголеми глобални ризици, заедно со кризата на трошоците на животот и климатските ризици. Процесот на деглобализација може особено неповолно да делува на малите економии коишто по својата природа се повеќе зависни од надворешна трговија и пристап до надворешно финансирање. Ова беше дел од дискусијата на гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, на тркалезната маса којашто ја водеше директорката на ММФ, Кристалина Георгиева, во рамките на конференцијата под наслов „Водење политики во немирни води: Јакнење на отпорноста на Централна, Источна и Југоисточна Европа“, во организација на Хрватската народна банка (ХНБ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Конференцијата ја отвори директорката на ММФ, Кристалина Георгиева, заедно со премиерот на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ и гувернерот на Хрватската народна банка, Борис Вујчиќ. (more…)
НБРМ
Гувернерката Ангеловска-Бежоска на конференција од висок профил во Хрватска во организација на ХНБ и ММФ

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска учествува на конференција во организација на Хрватската народна банка (ХНБ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), која се одржува од 2 до 3 јуни во Дубровник, Хрватска. Конференцијата насловена „Водење политики во немирни води: Јакнење на отпорноста на Централна, Источна и Југоисточна Европа“, е настан од висок профил, кој традиционално обединува гувернери, министри за финансии од регионот на ЦИЈЕ и високи претставници на меѓународни финансиски организации, а оваа година учество ќе земе и претседателката на Меѓународниот монетарен фонд, Кристалина Георгиева. (more…)
НБРМ
Народната банка им ги пренесува искуствата за изготвување статистика на финансиските сметки на другите централни банки

Народната банка, покрај тоа што е посветена на развојот на институционалниот капацитет на своите вработени, ги пренесува и своите знаења, професионално искуство и најдобри практики во областите коишто се предизвик за другите институции во земјите од Југоисточна Европа и пошироко. Директорката на Дирекцијата за статистика при Народната банка, Снежана Јанеска-Поповска, учествуваше како предавач на Работилницата за финансиската статистика, во организација на Центарот за извонредност во финансиите (ЦЕФ), меѓународна организација којашто функционира како центар за размена на знаења и соработка во нашата конституенца. Темите што се обработуваа на Работилницата се однесуваа на различните практични и концептуални аспекти на составувањето на статистиката на финансиските сметки, со осврт на секторите и финансиските инструменти, конзистентноста на националните секторски сметки, изворите на статистички податоци, изготвувањето податоци за состојбите и тековите, преку искуствата на неколку европски централни банки, ЕЦБ и ММФ. (more…)
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Стопанска Банка а.д. Битола
- Платежни картичкипред 1 month
VISA TRAVEL – нова кредитна платежна картичка на Халкбанк АД Скопје
- Домашни банкипред 1 month
ПРВ КВАРТАЛ ОД СОНИШТАТА ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – добивката зголемена за речиси 100%!
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје