Connect with us

Колумни

Обуките на вработените се еден од најважниот сегмент за успешно функционирање на секој бизнис

Објавено

на

Она што е забележливо во работењето на поголем дел од македонските компании е тоа дека во трката за профит не се посветува доволно внимание на обука на вработените (тука се вклучуваат и новите вработени). Она што не може да се разбере е дека обучени вработени не може да донесат негативности во работењето. Во кој било бизнис, важно е да се осигурате дека вашите вработени се опремени со сите потребни знаења и вештини што им се потребни за ефикасно извршување на нивните секојдневни должности. Обуката на вработените е метод за да се направи ова на структуриран начин и им овозможува на работодавците да инвестираат во своите вработени со што се развиваат нивните способности да развиваат и да станат клучни фигури во бизнисот.

Нудејќи им на членовите на персоналот можност да учат и да растат во рамките на вашата компанија, вие не само што ја зголемувате можноста да ги задржите овие вработени, туку создавате и поквалификувана работна сила што ќе биде од корист за вашиот бизнис во иднина.

Сето ова може да се постигне со желба и делување од највисоките нивоа на институции, покажувајќи го патот преку кој вработените ќе се движат кон вистинската насока. Секако вработените ќе бидат задоволни дека институцијата вложува во нивното знаење, тие ќе се чувствуваат повеќе ценети и секако нивната вредност и вредноста на институцијата ќе биде во постојан подем.

Она што може да се забележи е тоа дека во државата секако недостасуваат обуки и специјализации за вработените во одделите за СППиФТ. Меѓутоа она што сакам да го посочам со цел подигнување на свеста, е и самата желба и ангажман на вработените во одделите за што поголема нивна специјализација.

Забележливо е дека вработените во одделите за СППиФТ сеуште размислуваат на начинот на кој што се вршеле трансакции и имало обиди за перење на пари во минатото. Најголемо внимание се посветува на “готовината” и обезбедување на потекло на истите. Секако, сите знаеме дека Македонија е земја во која готовината има голема улога и сеуште има голема примена во начинот на водење на бизнисот. Обидот за перење на пари е најбитно да се забележи уште во првата фаза на обидување да се вметнат парите во финансискиот сектор. Меѓутоа вработените мора да посветат поголемо внимание и на оние трансакции кои што не се со физичко присуство на готовина. Да се посвети внимание на документацијата, начинот на реализирање на трансакциите, нивната логичност итн. Криминалците секогаш располагаат со готовина која што не е пријавена и истата сакаат да ја проследат до финансискиот сектор. Меѓутоа што ако финансиската институција во која работите не се користи за уплата на готовината туку е само дел од синџирот на безготовински трансакции со лажни фактури и документи? Мора да се направи соодветна проценка и да се приберат доволно информации за да се утврди дека трансакцијата веројатно е дел од некој поголем ланец или е лажно позитивна.

Полека но сигурно, во нашата држава се отвораат можности за користење на нови техники и технологии на водење на бизнис. Затоа мора секогаш да се биде во тек со истите за да може вработените да ги дочекаат спремни и многу брзо да се впуштат во нивна примена или контрола.

Колку што е поголема употребата на интернетот во секоја смисла, колку што луѓето се повеќе присутни на интернет, колку се повеќе бизнисот се сели на интернет, толку и криминалците се зафатени од тој бран и тие се селат на сајбер светот.

Ова е причината зошто обуките за спречување перење пари мора да се суштински дел од работата на вработените. Брзо информирање на вработените со најновите регулативи и како да се забележува перење пари ќе биде најефективниот начин за заштита на бизнисите.

Вработените секогаш ќе бидат очите и ушите на секоја компанија кога станува збор за перење пари. Покрај тоа, нивната улога ќе вклучува усогласување со сите закони и прописи за да го одржува бизнисот во согласност со најновите случувања секој ден.

Ова значи дека компаниите треба да обрнат внимание на обуки на вработените уште денес – а не од утре.

Се разбира, никој не сака перење пари или незаконски активности да се случуваат во рамките на нивниот бизнис. На крајот на краиштата, има повеќе ризици отколку изгубени приходи. Компаниите се соочуваат со губење на добрата репутација кај јавноста и индустријата.

Новите и постојните клиенти нема да го користат вашиот бизнис, бидејќи вестите се шират како пожар кога се занимавате со перење пари. Дури и ако станува збор за вработен за кого не знаете, вие ќе ја преземете вината за тоа.

Доколку сакаме да спроведуваме ефикасна борба во процесот против перењето пари мораме се повеќе да гледаме кон новините во Европа и светот, и да се приклучуваме кон технологијата која што тие почнуваат да ја користат.

Криминалците никогаш не спијат и се секогаш еден чекор пред сите. Истите постојано бараат нови начини и нови методи како да ги измамат властите, финансиските институции и нивните системи.

Во светот постојат голем број на обуки и на семинири кои што се посветени и на овие теми како и на теми поврзани со сите модерни начини на перење на пари и финансирање на тероризам.

Доколку во нашата држава нема доволен број на обуки со цел специјализација на вработените во одделите на СППиФТ, тие треба самостојно да се посветат на нивен личен напредок, преку постојано пребарување на јавно достапните информации, читање и истражување на начините на перење на пари и сите новости кои што ги носи модерното време.

Вложувањето во себе е најдобриот начин за овозможување на квалитетен живот.

Не може и не смее да биде пречка и изговор тоа што спречувањето на перење на пари во нашата држава сеуште не го добило заслуженото внимание.

Читајте, едуцирајте се, следете обуки.

Христијан Блажовски – специјалист за спречување перење пари

Колумни

Како ќе влијае меѓународната банкарска криза врз глобалната економија?

Објавено

на

Банкарската криза што ја погоди „Silicon Valley Bank” (СВБ) минатата недела се прошири. Со ужас се сеќаваме на прелевањето на двете неодамнешни финансиски кризи: азиската финансиска криза од 1997 година, која доведе до длабока азиска рецесија и големата финансиска криза од 2008 година, која доведе до глобална рецесија. Новата банкарска криза ја погодува глобалната економија веќе нарушена од пандемии, војни, санкции, геополитички тензии и климатски проблеми. (more…)

Продолжи со читање

Колумни

Бесими: Намалувањето на сивата економија е суштинска компонента на даночните реформи и економскиот раст

Објавено

на

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа. Консултациите инаку, се започнати од 2020 година, напоредно со анализите за перформансите на даночниот систем и неговото унапредување. Концептот на даночната реформа во суштина се однесува на зголемувањето на наплатената маса на даноците, главно преку зголемувањето на опфатот, односно преиспитувањето на преференцијалниот третман на одредени категории, но и воведување на повеќе обврзници во системот, односно намалување на неформалната економија. (more…)

Продолжи со читање

Колумни

Што да очекуваме во 2022 година од аспект на спречување перење пари и финансирање на тероризам?

Објавено

на

Гледајќи наназад во 2020 и 2021 година и сите случувања поврзани со Ковид 19, би било многу тешко да предвидиме што може да очекуваме во годината што е пред нас, 2022 година. Сепак, кога би зборувале само за процесите кои што би ја опфатила активноста за спречување перење пари и финансирање на тероризам, во тој случај предвидувањата се малку полесни. (more…)

Продолжи со читање

Популарно