Пакети
Оби Роби за подобро детско штедење од Охридска Банка!


Преку малиот робот Оби Роби, Охридска банка сака да се доближи до најмладите, односно преку едукативни материјали, сликовници, боенки и детски совети. Оби Роби сака да им ја претстави важноста на штедењето на децата, како и да ги воведе во иднината на детското штедење.
Една неодамнешна студија покажува дека децата од семејства со низок или умерен доход, кои имаат штедна книшка во банка, имаат три пати поголеми шанси да одат на факултет, а четири пати поголема веројатност да завршат со висок просек. Ослободувањето на детето од финансиски грижи во процесот на созревање и врвно усовршување е од особена важност за неговата психичка стабилност и иднина.
Родителите често сакаат да отворат сметки за своите деца, да им помогнат да научат за штедење за иднината и управување со нивните пари. И младите често одат во банка за да отворат сметка кога ќе ја добијат својата прва работа и ќе почнат да заработуваат пари.
Затоа, Охридска банка и роботот Оби Роби подготвија пакет за детско штедење со специјални услови:
- Можност за дополнително вложување во текот на целото времетраење на депозитот;
- Можност за штедење во денари, евра и долари;
- Минимален износ за отворање на депозит – 3000 денари, 50 евра, 50 долари;
- Депонентот може во текот на целото времeтраење на рокот на орочување, покрај првично депонираниот износ на парични средства, да вложува, односно да депонира и други износи на парични средства (преку поединечни уплати).
Износот на парични средства што се дополнително депонирани во текот на втората половина од рокот на орочувањето на депозитот не може да биде поголем од износот на средства депонирани во текот на првата половина од рокот на орочување на депозитот, вклучувајќи го тука и првично положениот износ на депозит. - Можност за вклучено животно осигурување за денарски депозити.
Секако, подготвија и примамливи каматни стапки:
Оби Роби, реши сам да ви претстави и ви испрати една порака:
Домашни банки
Пакет УНИ ИНОВАЦИЈА – нов пакет услуги од УНИБанка за компании преку ФИТР


УНИБанка и Фондот за иновации и технолошки развој потпишаа Меморандум за меѓусебна соработка, со кој се отвораат нови можности за финансирање и олеснување на пристапот до финансиски средства за микро, малите и средни претпријатија. Најголем дел од поволностите и овој пат ќе бидат обезбедени за старт-ап компании. (more…)
Домашни банки
Силк Роуд Банка АД Скопје и ФИТР со нова соработка за олеснет пристап до финансии на иновативните компании


Силк Роуд Банка АД Скопје и Фондот за иновации и технолошки развој потпишаа Меморандум за соработка, со цел олеснет и зголемен пристап до финансиски средства и банкарски производи и услуги, за најиновативните домашни компании.
Пакети
Пакет 6енефити само за тебе од Стопанска банка а.д. Битола


Стопанска банка а.д. Битола понуди нов промотивен ПАКЕТ 6 (Пакет 6енефити), пакет на производи со единствени услови кој одговара на сечии потреби. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Кредитипред 4 weeks
Брз и евтин кредит – прва помош за вашиот паричник
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје