Connect with us

Анализи

ОБИЧНИТЕ ЗАШТЕДИ СТАНУВААТ СЕ ПОНЕАТРАКТИВНИ – наместо штедачите да добијат камата, тие и плаќаат камата на банката!?

Објавено

на

За разлика од порано кога штедните влогови биле многу исплатливи и штедачите добивале навистина убави сума на пари како камата за своите заштеди, сега тие се се понеатрактивни и стануваат товар за штедачите.

Но, зошто е тоа така?

Во Европа, пред се во земјите кои ги имаат најголемите банкарски гиганти, штедачите им плаќаат на банките за да им ги чуваат паричните влогови, бидејќи каматните стапки се негативни. Тоа е тренд воведен од Европската централна банка со цел да се стимулираат граѓаните и компаниите, слободните пари кои ги имаат да ги пуштат во оптек наместо да ги чуваат во банка.

Експертот на „Ерсте банка”, Томас Шауфлер вели дека во Австрија секој штедач просечно губи по 700 евра годишно, поради негативните каматни стапки воведени од банките, додавајќи дека „обичните“ заштеди се се помалку исплатливи и неатрактивни. Тој додава дека клиентите освен што не добиваат камата на вложените пари, тие се должни да и платат на банката што им ги чува парите. Ако на тоа се додаде дека и инфлацијата ја намалува вредноста на парите, тогаш се доаѓа до фактот дека на штедењето во банка полека, но сигурно му доаѓа крајот.

„Со стапка на инфлација од сегашните 2,8 проценти, загубата само врз основа на тоа е најмалку 6,3 милијарди евра. Но, тоа не е се. За жал, Австријците прифаќаат нивните вистински заштеди да се се помалку вредни“, објасни Шауфлер.

Но, прашање на време е кога се помалиот број на штедачи ќе се откажат од класичниот начин на заштеда и своите пари ќе ги инвестираат во некои други инструменти, можеби поризични, но далеку поисплатливи.

Томас Шауфлер посочува дека во другите земји, како на пример скандинавските, граѓаните се повеќе се ориентираат кон хартиите од вредност и на тој начин ги инвестираат своите пари.

„Ако тргнеме од фактот дека во Австрија има околу 385 милијарди евра заштеди во банките без камата, а во Финска штедењето преку хартии од вредност носи камата од седум проценти, тоа значи дека Финците ги зголемуваат своите заштеди за 17 милијарди евра годишно“, објаснува Шауфлер.

Во Македонија каматните стапки на депозитите се сеуште позитивни и граѓаните за своите штедни влогови сеуште добиваат некоја минимална камата која се движи во рамка од 0,5 до 2,5% во зависност од рокот на орочување и од износот. Но, се поставува прашањето дали и кога Народната банка ќе ја имплементира политиката на ЕЦБ и каматните стапки ќе отидат во негатива.

Иако, во последно време се повеќе граѓани, па и компании се ориентираат кон алтернативните начини на заштеда како што се инвестициски фондови, тргување на берза и слично, во македонските банки штедните влогови надминуваат рекордни 7 милијарди евра. Од оваа сума речиси 5 милијарди се депозити на граѓаните, околу 2 милијарди припаѓаат на корпоративниот сектор и останатите се на нерезиденти.

Анализи

Македонците најмногу купувале онлајн од Обединетото Кралство, Ирска и Унгарија

Објавено

на

Согласно објавените податоци од Народната Банка на Република Северна Македонија, Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТМ го анализираше бројот и вредноста на реализирани онлајн трансакции со домашни платежни картички кон странски е-продажни места со цел да се креира слика каде најчесто Македонците купувале онлајн во текот на 2021 година. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

АНАЛИЗА: Триглав Осигурување Живот со двојно повисок удел на пазарот – високи 17% во првиот квартал од 2022 година

Објавено

на

Иако последните години се покажаа како исклучително тешки поради негативните влијанија и отежнато работење предизвикани од пандемијата како и политичката и економска криза во Европа, сепак пазарот на животно осигурување во земјава е во значителен пораст. Според прелиминарните податоци добиени од Националното биро за осигурување, бруто полисираната премија за животно осигурување за првиот квартал од 2022 година бележи пораст за 19,20% споредбено со истиот период во 2021 година, во вкупен износ од 494 милиони денари, што покажува дека животното осигурување полека но сигурно го зазема местото на еден од примарните избори за осигурување на граѓаните во земјата. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Кругман: Очекувам инспиративна дискусија на СЕФФ

Објавено

на

Нобеловецот, професор и истакнат американски економист Пол Кругман, кој в понеделник ќе има обраќање на конференцијата „Одржување на растот во време на неизвесност и потоа“ на Скопје економски финансиски форум, очекува инспиративна дискусија на актуелни економски теми. На учесниците на форумот и на економската јавност во нашата земја Кругман им се обрати преку видеопорака. (more…)

Продолжи со читање


Популарно