Останато
ОАЕ воведува корпоративен данок од 2023 година, првпат во историјата на земјата

Обединетите Арапски Емирати ќе воведат федерален корпоративен данок на доход за првпат во историјата на земјата, соопшти Министерството за финансии.
Данокот на добивка ќе се применува од 1 јуни 2023 година.
„Корпоративната даночна стапка во оваа земја ќе биде 9,0 отсто на добивката над 375.000 дирхами (102.000 американски долари), додека на заработката до тој износ ќе остане нула отсто, за поддршка на малите претпријатија и почетниците на бизниси”, соопшти Министерството за финансии.
Министерството истакнува дека „корпоративниот данок во ОАЕ ќе продолжи да биде меѓу најконкурентните во светот”.
Поединци чии профити се остварени од вработување, недвижен имот, капитални инвестиции или други лични приходи кои не се поврзани со трговија или бизнис во ОАЕ сè уште нема да подлежат на данок.
Останато
Дури 40% онлајн продавници во ЕУ користат манипулативни техники

Од 399 онлајн продавници кои властите на Европската унија ги контролираа во претходниот период, дури 148 учествуваат во манипулативен бизнис, соопшти Европската комисија. (more…)
Криптовалути
КРИПТОВАЛУТИТЕ СЕ ПОВТОРНО ИН – Биткоинот порасна за 40% во јануари!

Големите инвеститори повторно почнаа да вложуваат во криптовалути по еден месец на масовен раст на биткоинот од 40 проценти во јануари оваа година. Инвеститорите забележаа прилив од над 117 милиони долари минатата недела, најголем неделен пораст од јули минатата година, според податоците на „CoinShares“. (more…)
Останато
Досега за најдобрите македонски е-трговци гласале повеќе од 4.000 гласачи

За само неколку денови повеќе од 4.000 граѓани гласaле за е-трговците кои се номинираа на Изборот за најдобрите во македонската е-трговија – “Ecommerce Awards 2022”, во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија. Изборот за најдобрите е-трговци се организира по втор пат токму со цел да ја препознае и награди напорната работа на домашните е-трговци во изминатата година, да се подигне свеста за е-трговијата во јавноста и да поттикне зголемување и подобрување на понудата во е-трговијата. (more…)
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Депозитипред 4 weeks
Халкбанк АД Скопје ги зголеми каматните стапки за физички лица на сите депозитни производи
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Интервјуапред 1 week
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Домашни банкипред 3 weeks
Комерцијална банка воведе услуга за електронска идентификација на клиенти без посета на шалтер
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје