Connect with us

Домашни банки

Нoва експозитура на НЛБ Банка во Скопје – Бутел!

Објавено

на

НЛБ Банка АД Скопје ја прошири својата Продажна мрежа со уште една локација во општина Бутел на ул. Бутелска бб. Eкспозитурата ќе го опслужува сегментот население и правни лица нудејќи сеопфатни банкарски услуги. Покрај тоа, експозитурата е опремена и со современа 24-часовна самоуслужна зона каде клиентите самостојно ќе можат да извршуваат најразлични банкарски трансакции: исплата на готовина, уплата на дневен промет, уплата на платежни и бизнис картички, уплата на сопствени сметки, плаќање на режиски трошоци како и припејд надополнување на мобилен телефон. Работното време на експозитурата ќе биде од понеделник до петок од 08:30 до 16:30 часот.

На свеченото отворање на експозитура Бутел пред присутните се обрати Претседателот на Управниот одбор на НЛБ Банка Г-дин Антонио Аргир:

“Ми претставува вистинско задоволство да Ви посакам добредојде и заеднички да го означиме отворањето на новата експозитура на НЛБ Банка. Новата експозитура во Општина Бутел ќе биде организирана според концептот универзaлна мала банка нудејќи сеопфатни банкарски услуги за население и правни лица. Со ова, НЛБ Банка ја збогатува својата мрежа на експозитури која отсега ќе брои вкупно 54 експозитури, од кои 28 во Скопје, а останатите лоцирани во другите градови на Македонија. Отворајќи ја оваа експозитура би сакале да придонесеме за поголема достапност на финансиските услуги до жителите на Општина Бутел и граѓаните на Скопје, а во насока на понатамошен развој на општината, НЛБ Банка донира 60.000 денари на основното училиште ОУ Панајот Гиновски наменети за уредување на спортските терени.

По повод отворањето на новата експозитура, НЛБ Банка ги наградува своите клиенти, и тоа првите сто клиенти во новата експозитура кои ќе аплицираат за НЛБ кредитна или бизнис картичка ќе добијат бесплатна членарина за првата година, а првите сто клиенти кои ќе ја преземат НЛБ мКлик мобилната апликација за физички лица, ќе добијат три месеци бесплатно користење на истата.

Домашни банки

Осигурување во Стопанска банка АД – Скопје

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје не е осигурителна компанија, меѓутоа како овластен застапник во осигурувањето во соработка со осигурителните друштва Кроација Осигурување/Неживот и Уника Лајф за своите клиенти обезбеди повластени цени и услови за најбараните осигурителни производи. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Нова локација на експозитурата на НЛБ Банка во Ново Лисиче – Скопје

Објавено

на

Во насока на подобрување на корисничкото искуство при користењето на банкарските производи и услуги, експозитурата на НЛБ Банка во населбата Ново Лисиче, почнувајќи од 14.1.2019 година, се сели на нова локација во поголем и посовремен простор. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Халкбанк ќе отвори своја осигурителна компанија

Објавено

на

По информацијата објавена од Македонската берза дека акциите на „Нова Осигурување АД Скопје” се продадоа за вкупно 3,2 милиони евра во две блок-трансакции, „Халкбанк АД Скопје” и официјално потврди дека сега поседуваат 100 отсто од капиталот на осигурителната компанија.

(more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange