Connect with us

Останато

Носителите на Финтек во нашата земја – небанкарските финансиски друштва можат да бидат поддршка на населението во кризните периоди

Објавено

на

Проекциите на меѓународните финансиски институции говорат дека Република Северна Македонија ќе се соочи со пад на економијата и до 4% поради состојбите со Корона кризата. Расте стапката на невработеност, се намалува потрошувачката, што директно ќе влијае врз намалување на производството, а тоа пак кон дополнително намалување на платите на вработените, и дефинитивно, намалување на куповната моќ на граѓаните.

Здравствената криза во светот ќе заврши, и иако сеуште не е извесно кога, сепак се прават напори за стабилизирање на состојбите во поглед на ограничувањата на движењето и мерките за заштита и дистанца. Но, она што е извесно е дека на сцена стапува економска криза, чиишто ефекти допрва ќе ги согледуваме. Моменталната помош на најпогодените сектори претставува привремена инекција кон задржување на овие сектори во живот и е за поздравување. Но, она што е сега неопходно, е стратешки пристап, проценка на штетите и план за поддршка за сите „второ засегнати“ економски субјекти кои во моментот се соочуваат со ликвидносни проблеми. Фокусираната поддршка во овие индустрии од една страна ќе придонесе за нивно преживување во моменталниот период, амортизирајќи дополнителни негативни економски ефекти како отпуштања, намалени давачки и сл., а од друга, тие во иднина ќе преставуваат клучен играч во побрзото закрепнување економијата.

Овде се вбројуваат небанкарските финансиски друштва кои во нашата земја се носители на Финтек индустријата, кои иако имаат скромен удел од 0,44% во вкупните средства, претставуваат значаен фактор кој ќе може да понуди поддршка на економијата и населението во периодот што следи. Небанкарските финансиски друштва обезбедувале и што е најважно, ќе продолжат да обезбедуваат пристап до финансии за граѓаните и малите бизниси кои имаат потешкотии за пристап до финансиски средства на друг начин, и тоа многу брзо и едноставно, онлајн или филијала, токму во моментите кога е тоа најпотребно, што директно влијание на квалитетот на животот на корисниците на услугите.

Но, небанкарските финансиски друштва во моменталната ситуација припаѓаат на категоријата „второ засегнати“ економски субјекти, чиишто деловни операции во голема мера се афектирани од активните вонредни мерки – 70% намалени можности за кредитирање заради одложување на ануитетите, што директно влијае врз нивните можности и капацитети да бидат поддршка на малите бизниси и населението, кога евидентно е дека потребата од средства за надминување на кризните периоди е присутна.

Небанкарските финансиски друштва, за разлика од традиционалните финансиски институции немаат депозити и евтини извори на финансирање, напротив, небанкарските финансиски друштва се финансираат од сопствени средства и други извори со повисок трошок на финансирање, кој изнесува приближно 15%. Кога на сето тоа ќе се додаде и ограничениот или целосно оневозможениот пристап до изворите на финансирање поради глобалната економска криза, многу директно се доведуваат во прашање средствата неопходни за оперативното работење на небанкарските финансиски друштва.

Токму затоа, сега е моментот да се увиди дека небанкарските финансиски друштва можат да му помогнат на населението да го надмине овој кризен период, но за да се реализира тоа, неопходни се средства и фокусирани кредитни линии кои ќе можат да се редистрибуираат до населението преку небанкарските финансиски друштва, со оглед на тоа што, како што претходно беше напоменато, во моменталните услови небанкарските финансиски друштва немаат капацитет и да пласираат средства во обем колкав што му е потребен и ќе му биде потребен во следниот период на населението.

Останато

PayPal ќе дозволи употреба на криптовалути

Објавено

на

„PayPal” објави дека ќе им овозможи на клиентите да купуваат, продаваат и чуваат „Bitcoin” и други криптовалути користејќи ги неговите паричници на Интернет. Почнувајќи од почетокот на 2021 година, клиентите исто така ќе можат да ги користат овие виртуелни монети за да купуваат кај 26 милиони поврзани трговци. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Новиот корона бран ја намали деловната активност во Еврозоната

Објавено

на

Во октомври, економската активност во еврозоната се намали, бидејќи ограничувањата како резултат на ширење на корона вирусот, повторно стапија на сила, покажуваат прелиминарните податоци. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Авиокомпаниите ќе прават исти пресметки како и банките

Објавено

на

Кога британскиот туроператор Томас Кук се врати на пазарот минатиот месец, му требаше начин да ги убеди клиентите дека стана посигурен по неговиот банкрот во 2019 година и дека немаат за што да се грижат при резервацијата во пауза за време на пандемија. (more…)

Продолжи со читање

Популарно