Connect with us

Останато

Норвешка формула за успех на која секој може да и завиди

Објавено

на

Дали норвешкиот државен нафтен фонд е формула за успех во светот на бизнисот и водењето на земјата и дали овој модел е применлив и во други земји?

Приоритети за норвешкиот државен нафтен фонд и за Норвешка се благосостојба, социјален мир, економска стабилност и просперитет, студена клима… Освен последната, сè е многу поврзано со добро повлечените потези на норвешката влада во изминатите шеесет години.

Оваа земја доживеа економски бум со откривањето на нафта во нејзиното море во раните 1960-ти (тогаш рангирана како Грција или Шпанија според БДП). Самиот пронајдок на нафта не е од клучно значење за моменталната состојба на државата, иако е најважен, а чекорите што ги прави државата и начинот на долгорочно капиталистичко размислување се тие што ќе ја одведат до денешниот економски гигант.

Признавајќи дека концентрирањето на економијата само на една гранка е неодржлив концепт и прави повеќе штета отколку добро, подучени од искуството на соседите (англиски и холандски) кои само ја направија грешката, владата одлучи да го основа „Државниот пензиски фонд Глобал“ не мешајќи го со „Норвешкиот државен пензиски фонд“ основан во 1967 година) или „Фондот за нафта“ основан во 1990 година.

Според официјалните податоци, фондот инвестира во насобраниот нафтен и гасен капитал во три деловни сегменти – берза, обврзници и недвижен имот.

Според извештајот за 2015 година, стратегијата за инвестиции е следна: 60% од капиталот е инвестиран во берзи ширум светот (во различни компании и индустрии), 35% во обврзници на стабилни земји и корпорации со силни финансиски пазари и 5% во недвижнини ширум светот (деловно работење) згради, простории на ексклузивни локации и логистички објекти – фабрики, магацини).

Најголемиот државен фонд во светот

Иако во светот има многу државни фондови со слична цел и начин на деловно работење (ОАЕ, Кина), овој се издвојува затоа што е најголем во светот. Во 2017 година „Фондот за нафта“ надмина илјада милијарди долари – 195 илјади долари по глава на жител.

Фондот има удели во 9.000 различни компании во 74 земји. Поседува 1,5% од светските акции и има вредност од три норвешки БДП годишно.

Со закон е регулирано дека никој не може да ги допре тие пари, односно дека не може да ги потроши, само владата има право да располага со годишниот приход на горенаведениот бизнис заради понатамошно инвестирање и деловно работење. Инвестициите се прават во други земји, во принцип, ако Норвешка работи лошо, ќе се подобри на друго место.

Најзначајната и најистакната политика за инвестиции на овој фонд е строга контрола на деловната етика на компаниите и областите во кои ги вложува своите пари, што е многу необичен и конзервативен пристап за фонд со оваа големина и огромен приход.

Несаканите компании ги вклучуваат оние поврзани со корупција, производство на оружје, тутунска индустрија, кршење на човековите права и работнички права и нарушувања на животната средина, Фондот не смее да инвестира во компании пред да излезат во јавноста (ИПО).

Во последните неколку години, владата излезе од производството на руда во корист на обновлива (зелена) енергија и ваквите потези предизвикаа полемики поради основната улога на фондот, а тоа е грижата за норвешкиот народ, нивната стабилност, заштеди и идните генерации.

Овој вид деловна активност на фондот и неговото влијание носи придобивки на целиот свет во различни сфери. На пример, влијанието на големите компании како што се „Alphabeth” (матична компанија на Google) и „Facebook” во проблемот на деловна транспарентност, филтрирање и отфрлање на лажни вести за нивните услуги и разликата во платите меѓу половите.

Тоа е вистинската моќ на овој фонд, а со тоа и на норвешката држава – моќта да учествува и да ја обликува светската економија.

Патот до силна и добра земја доаѓа од знаењето и образованието, што е бесплатно во Норвешка токму поради финансирањето од овој фонд.

Нивното влијание врз светскиот пазар и деловна активност со голема одговорност, пред се за нивниот народ, но исто така и за светот, доведува до прашањето дали ваквиот систем е применлив и во други средини?

Со оглед на тоа што деловниот модел на овој фонд е јавно достапен, а огромните пари од нафтата не им се достапни на сите, доаѓаме до заклучок дека ова не е систем каде другите земји можат да работат буквално, но можат да научат многу од тоа, особено деловната етика, образованието, скромноста, владеење на правото…

Останато

Невработеноста во еврозоната на рекордно ниско ниво од 6,5 проценти

Објавено

на

Невработеноста во еврозоната падна на рекордно ниско ниво од 6,5 проценти во октомври, покажуваат бројките што ги објави „Евростат“, статистичката агенција на ЕУ. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Просечната плата во октомври во Црна Гора изнесувала 720 евра

Објавено

на

Просечната плата без даноци и придонеси во Црна Гора во октомври, според податоците на Управата за статистика (Монстат), изнесувала 720 евра и е за 0,3 проценти повисока од септември. (more…)

Продолжи со читање

Останато

ЛЕСНО Е КОГА ИМАШ ИЗОБИЛСТВО НА ЗЛАТО – Гана набавката на нафта ќе ја плаќа во злато наместо во долари

Објавено

на

Владата на Гана работи на план да купува нафта со плаќање во злато наместо со долари, објави на Фејсбук, потпретседателот на државата Махамуду Бавумиа. (more…)

Продолжи со читање

Популарно