Connect with us

Форекс

Нов рекорд на индексот “S&P 500” на Волстрит

Објавено

на

На Волстрит вчера индексот “S&P 500” достигна ново рекордно високо ниво, исто како и “Nasdaq”, благодарение на подобрите од очекуваните деловни резултати на неколку компании.

“Dow Jones” падна за 60 поени, или 0,17 проценти, на 35.870 поени, додека “S&P 500” порасна за 0,34 отсто, на 4.704 поени, а индексот “Nasdaq” за 0,45 отсто, на 15.993 поени.

Најмногу вчера пораснаа акциите во потрошувачките и малопродажните сектори, благодарение на подобрите од очекуваните квартални деловни резултати на “Macy’s” и “Kohl’s”.

Заедно со претходните резултати на Волмарт и на Таргет тоа покажува дека американската потрошувачка е силна, поддржувајќи го натамошното закрепнување на најголемата светска економија од кризата со короната.

Записите на “S&P 500” и “Nasdaq” индексот се должат и на скокот на цената на акциите на “Nvidia” за повеќе од 8 отсто, откако производителот на чипови објави подобри резултати во третиот квартал од очекуваното.

Од друга страна, индексот “Dow Jones” падна по трет пат оваа недела, како резултат на остриот пад на цената на акциите на технолошкиот гигант Cisco.

Поради сето ова, изјавата на Џон Вилијамс, претседател на филијалата на ФЕД во Њујорк, дека инфлацијата се шири и може дополнително да се зајакне, остана во втор план. Минатата недела беше објавено дека потрошувачките цени во САД се зголемиле за 6,2 отсто на годишно ниво во октомври, што е најмногу во последните 30 години. Инфлацијата пет месеци по ред е над 5 отсто, што е значително над целта на американската централна банка од 2 отсто.

Инвеститорите стравуваат дека поради растот на цените на суровините и прекините во синџирите на снабдување, високата инфлација би можела да трае подолго отколку што се надеваа многумина, вклучително и ФЕД. Тоа би можело да ја принуди централната банка да ги зголеми клучните каматни стапки порано од очекуваното.

Форекс

Македонска берза стана полноправна членка на Федерацијата на Евроазиски берзи (FEAS)

Објавено

на

На седницата на Одборот на Федерацијата на Евроазиски берзи, одржана на 28.10.2022 година, одобрен е приемот на Македонска берза АД Скопје како полноправна членка на Федерацијата. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Доларот се повеќе ја зголемува својата вредност – Колку чини во моментов?

Објавено

на

Во центарот на светските случувања е растот на американскиот долар и глобалните каматни стапки. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Доларот со секој нов ден ја зголемува својата вредност!

Објавено

на

На девизниот пазар вредноста на доларот во однос на кошницата валути се движи блиску до највисоките нивоа во последните 20 години. (more…)

Продолжи со читање

Популарно