Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Кредити

Нов прирачник „Купи куќа – купи стан“

Објавено

на

Министерството за финансии изготви прирачник за проектот “Купи куќа, купи стан“, кој е поставен на веб страницата на министерството. За неполни три месеци откако стапија на сила новите услови, интересот кај граѓаните е голем.

Намалените каматни стапки, новиот модел Купи стан за млади, како и дополнителната едногодишна субвенција на месечната рата за секое новородено или посвоено дете е причината за големиот интерес. За секое родено или посвоено дете во рок од 10 години од земање на кредитот, доделуваме дополнителна едногодишна субвенција од 30% за месечната ратаСогласно новите услови каматната стапка за моделот „субвенција на рата“ за првите три години ќе изнесува 2,9 проценти, а за третата и четвртата година 3,9 проценти.

Намалена е и каматната стапка за моделот „субвенција на учество“. Истата сега ќе изнесува 4 проценти за цело времетраење од исплатата на кредитот зголемена за 6-месечен еурибор.

За младите до и со наполнети 35 години се воведе нов модел „Купи стан за млади“. Притоа, корисниците кои ќе го одберат моделот „субвенција на ратата“, од државата ќе добијат субвенции во висина од 70 проценти од ратата. Така на пример, за кредит од 50.000 евра вкупниот износ на субвенцијата  изнесува 11.900 евра.

Оние, пак, што ќе го одберат моделот за помош при отплата на учеството, од државата ќе добијат субвенција во висина од 70 проценти од учеството за станот. За кредит од 50 илјади евра, државата ќе субвенционира 8.750 евра.

Новина има и кај моделот “Купи куќа за возраст над 35 години“. Сега оние кои ќе аплицираат за овој модел ќе добијат поголема субвенција. За лицата над 35 години за изградба или купување на нова куќа, ќе се субвенционира 80% од месечната рата во период од пет години, или 80 проценти од учеството за куќата.

Банки во кои може да се аплицира: Стопанска Банка, Тутунска Банка, Охридска Банка, Шпаркасе Банка, Стопанска Банка-Битола, ТТК Банка, Про Кредит Банка и Силк Роад банка.

Кредити

Охридска банка Сосиете Женерал ја продолжува промоцијата на своите производи со дополнителни поволности на своите клиенти

Објавено

на

Почнувајќи од 15 Септември, Охридска банка АД Скопје воведува дополнителни промотивни услови на своите производи. (more…)

Продолжи со читање

Кредити

Промотивни понуди за Потрошувачки и Станбен кредит од Стопанска банка АД – Скопје

Објавено

на

Стопанска банка АД – Скопје подготви промотивни понуди за потрошувачките и станбените кредити со важност до 31.12.2019година. Промотивните понуди на клиентите им нудат комплетни решенија со намалени каматни стапки и трошоци а во пакет со вклучено осигурување. (more…)

Продолжи со читање

Кредити

Прифатлива рата за секоја плата

Објавено

на

Важните финансиски одлуки, како што е изборот на соодветен брз кредит, можат понекогаш да бидат збунувачки. Токму затоа е важно да бидете информирани, за да можете да донесете правилна одлука при изборот на вашиот финансиски партнер. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange