Connect with us

Останато

Нов повик од ФИТР за старт-ап и спин-оф компании

Објавено

на

Заинтересираните од денеска, па во наредните 50 дена ќе можат да аплицираат во Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) за добивање средства од првиот јавен повик за старт-ап и спин-оф компании во вкупен износ од еден милион евра што се реализира во соработка со Светска банка.

На повикот компаниите ќе можат да добијат до 30.000 евра за поттикнување на активностите за истражување и развој, како и за иновациска дејност за развој на нов производ, решение, услуга или процес, при што треба да имаат сопствено кофинансирање од 15 отсто. Средствата ќе се добиваат квартално, а право на учество имаат компаниите што не се постари од шест години, немаат повеќе од 250 вработени и не остваруваат годишен приход поголем од еден милион евра.

Иако, според најавите, во фокусот се младите луѓе, на огласот можат да аплицираат компании што не се постари од шест години, без разлика на возраста на сопственикот. Финасираните проекти од било која област нема да може да бидат подолги од 12 месеци. Нема да може да се добијат средства за производ, услуга или процес што се веќе пласирани  на пазарот и за кои се остваруваат или не се остваруваат приходи, ако при тоа не се предлага некое значително подобрување и промена или развој на сосема нов производ и услуга.

Неоходните информации за аплицирање и правилникот за добивање на средства од Фондот компаниите можат да ги најдат на веб-страницата на ФИТР.

– Системот на евалуација ќе биде ист како и претходно, односно во претселекција има надворешни стручни лица кои  ќе ги разгледуваат проектните апликации, а потоа Комитетот за одобрување на инвестиции ќе одлучува за апликациите. Средствата ќе се исплаќаат квартално, што значи дека исплаќаме одреден квантум на средства што компанијата ги реализира, а потоа доаѓа тим за мониторниг од Фондот и се проверува дали е трошено согласно предвиденото во апликацијата и доколку е се во ред се оди на следната транша на финасирање, изјави директорот на ФИТР Јован Деспотовски пред презентацијата на повикот на Економскиот факултет во Скопје.

Нагласи дека при аплицирањето компаниите ќе треба да достават и изјава за сопственичката структура, односно дека немаат носител на јавна функција во сопственичката структура.

-За компаниите кои ќе декларираат дека имаат носител на јавна функција или член на потесно семејство во својата сопственичка структура изготвуваме протокол за проценка на ризик што јавно ќе го презентираме на 1 ноември годинава и ќе го ставиме одреден период да биде достапен до стручната јавност за коментари за подобрување. За таквата компанија ќе биде подготвена посебна анализа на ризик со која понатаму ќе се прави процесот на евалуација. По истиот протокол ќе се процесуираат и четирите компании кои декларираа дека имаат носител на јавна функција или член на потесно семејство во својата сопственичка структура и кои очекуваат одлука од Комитетот за минатиот повик, рече Деспотовски.

Анализата на ризик, додаде, ќе покаже дали компанијата досега користела средства од јавни фондови и што тоа значи од аспект на нивните вкупни приходи, односно да се процени дали компанијата постои само за да користи јавни фондови или станува збор за исклучок . Појасни дека во моментот кога  ќе се донесе одлука за ове четири компании, дали позитивна или негативна, тогаш ќе се пристапи кон потпишување на договорите.

– Дотогаш средствата се на располагање, бидејќи имаме и дополнителен обем на компании кои очекуваат дополнителни  средства за да може да ги реализираат своите проекти, посочи Деспотовски и додаде дека за останатите 70-тина компании од претходниот повик веќе се исплатени средствата за првиот квартал.

Останато

Извештајот „Doing Business 2019“ на Светска банка на денешната редовна владина седница

Објавено

на

На предлог на Министерството за финансии, на денешната редовна 102-ра седница Владата на Република Македонија ќе го разгледа предлог – законот за изменување и дополнување на законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредити. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Трансакции со криптовалути во споредба со Visa и Paypal

Објавено

на

Сопствениците на “паричникот” со криптовалути често се согласуваат дека нивните мрежни трансакции се побрзи од главните начини на плаќање, како што се Visa или Paypal. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Биткоин – валута на иднината

Објавено

на

Луѓето се занимаваат со трговија за да разменуваат стоки и услуги во текот на вековитe. Овие размени не секогаш вклучуваа парични плаќања. Имаше време кога стандардните пари дури и не постоеја и луѓето користеа други форми на исплата за вршење трансакции. Со развојот на технологијата, пари и плаќања драстично се сменија. Тековната технологија за обработка на кредитна картичка и напредните деловни решенија овозможуваат финансиски трансакции во речиси секое време и практично на кое било место. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange