Connect with us

Останато

Нов пад на цените на нафтата на светскиот пазар

Објавено

на

Цените на нафтата на светскиот пазар во петокот паднаа за повеќе од три проценти, што е најмногу од јуни, поради стравувањата дека бавното закрепнување на економијата ќе влијае на побарувачката за овој извор на енергија.

Цената на суровата нафта „Brent” од Северното Море падна за 1,41 долари или 3,2 проценти на 42,66 долари за барел.

Во Њујорк цената на лесната сурова нафта е пониска за 1,6 долари или 3,9 проценти и изнесува 39,77 долари за барел.

Во споредба со минатата недела, „Brent” падна за 5,3 проценти, а лесната сурова нафта за 7,4 проценти.

Останато

Извозот во првите шест месеци зголемен за 20,2%, а увозот за 28,7 проценти

Објавено

на

Вкупната вредност на извозот од земјава во периодот јануари – јуни 2022 година изнесува 4.097.486.000 евра и бележи раст од 20,2 проценти во однос на истиот период лани, додека вредноста на увезената стока е 5.974.699.000 евра што е зголемување за 28,7 проценти, соопшти Државниот завод за статистика. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

(ВИДЕО) Спојувањето на етериум може да ја поттикне цената на биткоинот нагоре!?

Објавено

на

Популарниот крипто-аналитичар Бенџамин Кауен анализира како етериум може да ја поттикне цената на најпознатата криптовалута биткоинот нагоре. (more…)

Продолжи со читање

Останато

СИСТЕМОТ КОНЕЧНО АЖУРИРАН – Корисниците на МојДДВ може да се вратат на напредниот скенер за скенирање на фискални сметки

Објавено

на

Управата за јавни приходи, ги информира корисниците на апликацијата МојДДВ, дека може да се вратат на напредниот скенер за скенирање на фискални сметки. (more…)

Продолжи со читање


Популарно