Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Форекс

Нов пад на вредноста на биткоинот

Објавено

на

Цената на биткоинот падна под 8.000 долари и со тоа дојде на најниско ниво од јуни, заостанувајќи од повеќето други дигитални валути.

Најмногу тргуваната криптовалута падна за 4,9% од петочното тргување на 7.355 американски долари. Оттогаш криптовалутата, не успеа да ја врати својата цена од 8.595 долари, што е пад од 50% од својот максимум за оваа година.

Биткоинот од неодамна престана да биде криптовалутата која најмногу се тргува во светот. Лидерската улога ја презеде “тетер” кој дневно остварува вредност од сите тргувања од речиси 21 милијарди американски долари.

Податоците за активност на тргување ги собра CoinMarketCap заклучно со 27 септември. Според тие податоци, биткоинот дневно достигнува во просек 17,28 милијарди долари вредност, етериум 7,72, а лајткоин 2,55 милијарди долари.

Тетер во моментов најмногу се тргува бидејќи е стабилен и многу лесен за употреба. Неговата популарност е, исто така потпомогната од фактот дека во Кина може да се дојде до тетер без премногу прашања, а потоа лесно се менува за биткоин или други криптовалути.

Во Азија, тргувањето со криптовалути е многу популарно и опфаќа 70 проценти од вкупното светско тргување на дневна основа.

Форекс

Најтргувани акции за септември биле акциите на Комерцијална Банка АД Скопје

Објавено

на

Според податоците кои ги објави Македонската берза за периодот 01.09.-30.09.2019 година вкупниот промет изнесува 731.880.458 денари и е зголемен за 117,71% во однос на претходниот месец август. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Најтргувани акциите на Скопски пазар и Охридска банка

Објавено

на

На последниот ден за тргување на македонската берза најтргувани беа акциите на Скопски Пазар АД Скопје, кои забележаа раст од високи 6,58 проценти, пред акциите на Охридска банка АД Скопје кои забележаа раст од 1,17%. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Акциите на УНИБанка со најголем пораст, еврото со вредност од 61,4946 денари

Објавено

на

На последниот ден за тргување на македонската берза најтргувани беа акциите на УНИБанка АД Скопје, кои забележаа раст од 2,29 проценти, пред акциите на Макпетрол АД Скопје кои забележаа раст од 0,35%. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange